Генерал Ангелов ќе се бори со пирати

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Современите пирати се срам и голем проблем на современиот свет и борбата со нив е за секоја пофалба. Според мене, тоа би била задача на Обединетите Нации кои треба да ги ангажираат членките.
Во оваа вест, нема податоци, кој ја организира оваа акција.
антипиратска заштита на бродови во Индискиот океан околу Азија и Африка - Малезија/Индија/Сомалија/Кенија/Танзанија.

Ја организира конгломерат од корпорации на кои им е загрозен профитот од стоките и производите кои се прават таму а се продаваат во Европа. Инаку пиратите се од тие земји и се потполно во право затоа што немаат друг избор, осиромашени од тие исти корпорации си го земаат тоа што им припаѓа.
А Стојанче е таму платеник војник под наем топовско месо ќе се бори за туѓи профити и интереси...
Па и самиот не е свесен за тоа исто како и ти од коментаров што го читам.
 
Јас пишав дека Ангелов заслужи да му се даде работа или пак пензија во првиот пост кога веќе тоа се прави за учки и луѓе кои не го зборуваат јазикот на државата во јавна админитрација, мене ме нервира што тоа го објавува со некаква помпа за да привлече внимание и ќе дојде како неговата цел е само за да добие пензија од државата и ништо друго. Мене лично ме нервираат такви луѓе.
Да го напишеше тоа посуптилно Ангелов ќе имав поголема почит и немаше да го критикувам. Јас се извинувам во случај ако новинарските пера го актеулизирале до таа мера неговото кратко соопштение за да потполнат дупка во дневен печат.
Па и да е така, до кога ќе мижиме пред вистината? Јас да сум на сите телевизии каде што може ќе се појавам и ќе јадам гурабии за државата, за која сум бил спремен и животот да го дадам, а таа не ми враќа ни на сличен начин. Зарем е дистоинствено за него, за тој човек, да оди и егзистенцијата да си ја бара настрана од државата, за која пак ќе повторам, некогаш бил спремен и животот да го даде?!
Го поддржувам, и уште на 10 телевизии да се појави пак ќе го поддржам, сите нека разберат кој е деморализиран и фрлен на маргините на оваа држава!
Го почитувам максимално човеков, ама е премногу чесен да би успеал во политика.
 
Ја организира конгломерат од корпорации на кои им е загрозен профитот од стоките и производите кои се прават таму а се продаваат во Европа. Инаку пиратите се од тие земји и се потполно во право затоа што немаат друг избор, осиромашени од тие исти корпорации си го земаат тоа што им припаѓа.
А Стојанче е таму платеник војник под наем топовско месо ќе се бори за туѓи профити и интереси...
Па и самиот не е свесен за тоа исто како и ти од коментаров што го читам.
Секој човек еден ден ќе умре и јас не се жалам ни себе ни било кој друг ако умре за општо добро.
Но твоите зборови фрлаат сосема друго светло.
Сепак, мислам дека е ова задача за Обединетите Нации. Тие треба да интервенираат, да го поправат животниот стандард на населението во Сомалија и да ги сузбијат пиратите. Ако е вистина ова што го велиш тоа е некаква интернационална приватна паравојска, а такво нешто не е дозволено.
 
А Стојанче таму кај што ќе оди не е паравојска, под чие знаме ќе носи оружје тој?
Македонско знаме бе. Не си чул за Македонската поморска флота?? :rolleyes:

Сериозно, човекот е на печалба. Не носи ничие знаме, носи оружје и брани брод од напади на пиратски банди.

Не гледам зошто тоа е проблемот а не дека нашите бранители од безизлезност одат гурбет ризикувајќи си го сопствениот живот и оставајќи фамилија со малолетни деца позади себе. Зошто? Бидејќи е персона нон-грата според владата!
 
овај заминал со паметот.....жално!!!

Жално е тоа што политичарите им го направија на бранителите од 2001ва. Народот ги величи и секогаш ќе ги сака бранителите но политичарите се оние кои никогаш нема да го добијат тој статус на почит што бранителите го имале и секогаш ќе го имаат. Дозволивме терористите кои дигнаа оружје против овој народ и држава да имаат подобар живот, работа, плати и пензии а оние што ја бранеа државата, народот и сопствените семејства да бидат едни од најсиромашните, без работа, пензија и никаква помош од државата. Оди само во Хрватска види какви бенефиции имаат сите оние кои се бореле за Хрватска за време на распадот на Југославија. Имаат секакви предности и се најреспектирани луѓе во државата. Ние овде ги оставивме нашите бранители да умрат од немаштија и да се молат за работа откако државата им сврте грб и ги остави на цедило.

Незнам како би се чувствувал ти да си на местото на еден од овие бранители. Постави се само еден месец во нивна кожа....Тие живеат бедно веќе 11 години.
 
Жалосно, кога можеше другата страна, можевме и ние да ги направиме пратеници или министри. Ама ние не си ги цениме нашите.

И срамота е да се плука и по Ангелов и по Стојков. Кој каде и што бил не е дискусија за на форум. Двајцата беа генерали во 2001. И за тоа заслужуваат почит!
 
Многу така се нервирам кога гледам тука некои коментари несоодветни за нашиот генерал Ангелов. Наместо благодарност, дрва и камења по него, страшно.
Па што ако кажал во јавност? Какви се тие глупости дека тоа го направил за политички поени? Секако дека треба јавноста да знае што се случува со нашите бранители, додека оние другине лежат пред тв и при тоа земаат пари за тоа. Барем човеков има храброст да излезе и да каже, за разлика од некои што само коментираат од дома и ништо не преземаат.
 
Ептен се слагам со коментарот на Трн и ќе додадам:

Тоа што Генерал Ангелов основа политичка пратија и влезе во таа неславна авантура се должи на фактот што истиот беше лажен и манипулиран од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со години.

Уште кога беа опозиција го критикуваа СДСМ (оправдано и реално) за односот кон бранителите. Но, за 6 години власт тие не направија ништо за истите, напротив, Ангелов сметаше дека со неколку пратеници ќе може да влијае на тоа и да избори некаков закон или бенефиции. Но поради силната пропаганда и расцепканоста на опозициската десница не зема многи гласови.

Со години Ангелов се бореше преку здружението за правата на бранителите. Што доби од сето тоа, уназадување во работното место, нечовечки однос од наводните „патриоти“ од ДПМНЕ, етикетирање како „народни непријатељ“ од дежурните Гебелси, вплеткување во нечесните и расипани игри на Б.Ц.

Така да тоа што се обидел и по политички пат да направи нешто не е негов грев. И ова што веста за неговот одење во Африка го објавил исто не е негов грев, само се обидува на симболичен начин да покаже како државата се однесува кон свој поранешен генерал, а што останува тогаш за обичниот војник.

Но оние кои 10 години ги лажат бранителите, оние кои плукаа со сета сила по СДСМ за односот кон ДУИ, што направија, за борбата за власт на Ахмети му ги дадоа и вработувањата и бенефициите на УЧК, и новите проширена права на албанците и најлошото од се, онаа срамна одлука за амнестија за крвични дела за кои во меѓународното право не следува амнестиај и помилување, со тоа кршејќи го не само нашиот Устав и закони туку и секој меѓународен акт од таа област.

Е затоа ако ме чита некој член или симпатизер на ДПМНЕ, ќе ви кажам, за многу работи може да се оправдате, да ви бидат криви грци, СДСМ и не знам кој, ама за ова ништо не може да ве оправда.
 
Е затоа ако ме чита некој член или симпатизер на ДПМНЕ, ќе ви кажам, за многу работи може да се оправдате, да ви бидат криви грци, СДСМ и не знам кој, ама за ова ништо не може да ве оправда.
Апсолутно. За амнестијата, вработувањата на УЧК и односот кон дел (голем дел, за жал) од македонските бранители (Ангелов е уште еден од многуте кои отидоа да си ја бараат среќата во странство) виновна е владеачката партија и тоа бреме мора да го носи. Без разлика на секакви објективни и субјективни причини заради кои е направено тоа.
 
Народот ги величи и секогаш ќе ги сака бранителите но политичарите се оние кои никогаш нема да го добијат тој статус на почит што бранителите го имале и секогаш ќе го имаат.
Само почит и им остана..ама од почит леб не се вади:(
Жалосно е што ситуацијата со ангелов не е најлоша,има луѓе кој не ни можат да отидат на печалба,воени инвалиди оставени на цедило..
Единствено згреши што се вмеша во политика,чесни луѓе неможат да успеат покрај толку хиени..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom