Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Гемиџии во Скопје?
Андреј СПАСОВСКИ
„Мал совет до дебелите свињи и некоректните антимакедонски политичари кои молчат пред националистичките искази од страна на Грција, Албанија, Србија и на Бугарија. Тие се што ги узурпираа фотелјите во МАНУ и потписниците за ФИРОМ или БЈР Македонија. Сите се ставени на листата за ОТСТРЕЛ и прво ќе почнеме од нив“.
Ова го пишува во заканата од групата која се нарекува Иницијативен гемиџиски комитет. Во вторникот на улицата Македонија осамна плакат во кој се најавуваат атентати на политичари и амбасадори кои, според групата, поддржуваат грчки фашизам и „имаат рок до 25 декември да се вразумат и да застанат на вистинската страна, оти после е доцна“.
Текстот на плакатот претставува апел до Европа и до македонските политичари да застанат зад идеалите на групата, која порачува „до Англија и Франција“ дека се виновни за геноцид врз македонското население за време на Грчката граѓанска војна. На апелот има и цитат и фотографија од Панко Брашнаров.
- Ваквите закани се првенствено кривично дело кое треба да се истражи од надлежните власти. Тоа е форма на девијантно однесување. Во сите земји има радикални и расистички групи кои се закануваат со убиства - вели професорката Мирјана Најческа.
Историчарот Љубомир Ѓоревски, кој работи во МАНУ, посочува дека оригиналните гемиџии биле анархисти и комунисти, но и дека тие, како секоја друга сериозна радикална група, не ги најавувале своите напади. Според него, ова е само реакција на претстојното решавање на спорот со името и дека е обид да се заплашат академиците и политичарите кои даваат изјави за компромис во медиумите. Тој проценува дека чинот има партиска заднина.
Според МВР, ова не е работа за полицијата, туку за Јавното обвинителство. Откако обвинителите ќе ја проценат сериозноста на ваквите закани, се одлучува дали ќе се дејствува, вели полицијата.
Плакатот вчера не привлече многу внимание од минувачите, но оние кои застанаа да го прочитаат го оценија како најава за тероризам. Од околните кафулиња не знаат кој го залепил. Слични плакати има залепено и по должината на Градски ѕид, но со малку помека содржина.