Јас сум најголемиот анти-консуматор на сокови :pos2:
Газирани не пијам воопшто, може да се случи да се напијам 2-3 пати годишно по една чаша и потоа цел ден чувствувам мачнини во стомакот, а метаболизмот ми е забавен уште додатни 2 дена.
По густи сокови се лажам напати од стрвост.
Свежо цедени поштувам, меѓутоа и ваквите многу ретко ги пијам.
Никогаш не ми била јасна денешнава склоност на човекот кон консумирање на газирани пијалоци во преголеми колични, ни па сатисфакцијата од консумирање на ваквиот вид пијалок. Јас 3 дена потоа си имам проблеми

Предизвикуваат толку многу проблеми... содржат доста шеќер, придонесуваат за дебелеење, не содржат никакви витамини и минерали, предизвикуваат проблеми со варењето на храната, го оштетуваат црниот дроб и забите и се тесно поврзани со зголемување на ризикот од појава на дијабетис и срцеви заболувања.
Дури ни "природните" сокови во продавниците или домашните не се толку здрави како што се мисли. Содржат 3 пати повеќе калории од свежо исцеден сок и значително намалено ниво на витамини.
За разлика од нив, свежо цедените сокови се потполно природни, здрави, нискокалорични и голем извор на калциум и витамин Ц.