Hooligan
..The President...
- Член од
- 9 февруари 2008
- Мислења
- 2.362
- Поени од реакции
- 707
Руската државна компанија „Гаспром“ се наоѓа на работ од целосен крах, предизвикан со големиот и забрзан пад на цените на природниот гас на светскиот пазар, пишува „Тајмс“.
Оваа компанија, според весникот, е „неофицијален банкар“ на Кремљ, но таа во следните неколку години ќе има проблеми на Русија да продолжи да и обезбедува евтино гориво, да продава што е можно повеќе гас на Европската унија и во исто време да го зголемува својот профит како што тоа му се случуваше изминатиот период.
Русија после пет години забрзано и масовно полнење на својот државен буџет со парите од доскоро скапите нафта и гас, оваа година очекува дефицит. Поради тоа Владата во Москва веќе мораше да посегне по државните резерви, за да ја спасува рубљата која се најде на работ од девалвација, како и за да им помогне на финансиските организации.
Лондонскиот весник предвидува дека економската и финансиската криза може да предизвика изливи на незадоволство, на досега скапо платените и богати државни службеници во Москва и Санкт Петерсбург, кои инаку се лојални на премиерот Путин.
Во Лондон се забележува дека најновата енергетска криза со која се соочи Европа изминатите неколку недели, оставајќи без гас за греење и за индустријата повеќето од земјите во ЕУ и на Балканот, „целосно го уништи угледот на Русија и Украина како снабдувачи со енергетски суровини“.
**************************************************************
што мислите колку се релевантини овие информации на Тајмс?
Дали поврзаноста на “Гаспром“ со стабилноста на руската економија може да предизвика колапс на една од водечките светски економии...и колку тоа може да се одрази врз глобалните економски тендеции и текови?