Гасификација во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Во Дневник е објавен напис дека за гасификација на Скопје се јавиле три фирми, една од Турција, една од Украина и една од Македонија
http://dnevnik.mk/?ItemID=2EBBAEBF92816041A573FCAE116EC4F7

Она што мене ме заинтересира е последната реченица од написот која гласи:
„ Со гасификација на скопскиот регион годишно ќе се супституира електрична енергија еднаква на годишното производство на РЕK Осломеј.“

Ова е кретенизам кој укажува дека зад овакво тврдење стојат тие што мислат дека со употреба на гас ќе се надомести недостатокот на струја
РЕК Осломеј има моќност од 110 MW, и ако работи 11 месеци во годината максимално може да произведе;

110 MW * 24 часа * 30 дена * 11 месеци = 871200 MWh, оваа представува помалку од 10% од вкупната годишна потрошувачка на струја во Македонија
Овие „ експерти “ мислат дека струјата се троши за затоплување, а со гасификацијата сите ќе се затоплуваат на гас а потрошувачката на струја ќе се намали.
Но заборавиле, дека летно време никој не се затоплува и дека гасот е гас, а струјата е струја. Струјата не може да се „ супституира “
Y a-t-il un pilote dans l'avion ? - Дали има пилот во авионот?
Очигледно во Македонија - нема пилот во авионот, кога е во прашање енергетиката
 
Во Дневник е објавен напис во кој се вели дека Бурисма фирма од Украина е еден од кандидатите за гасификација на Скопје
Втора фирма е Аксо енерџи од Турција
Наводно имало и по една фирма од Италија и Македонија
Но нема податоци кои се тие фирми
http://dnevnik.mk/?ItemID=82527D214FB31F4C8A645D0C3D0E0821
 
Во Вечер е објавен напис за гасификацијата на Скопје
http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=40EEBADADB2AA947953D4F0C37A79ED5
Има и интересен коментар на читатели:
666, 28.05.2014 23:59:45
Sto ke birate ke se mucite eve tuka se BEGovite tie i da ne se donese gas ke naplakaat taka da toa e firma sto e za se sposobna.
28.05.2014 23:59 | (2) | You liked this.
 
Одржана е некаква конференција Енергетска политика - потреби
Зборувале Крсте Миладинов од Македонски енергетски ресурси и Зоран Китанов од Струмица гас
Зоран наводно рекол:
Зоран Китанов, директорот на „Струмица гас“, изјави дека во 2012 и во 2013 година на гасоводната мрежа во градот се приклучија сите градинки, основни и средни училишта.
- Ако во 2011 и во 2012 година тие потрошиле 21 милион денари за нафта за греење, во 2013 г. по гасификацијата нивниот трошок за гас изнесува 9 милиони и 800 илјади денари за гас - изјави Китанов.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=625141146303&id=10&setIzdanie=23208
Инаку Регулаторна ја објави новата цена на гасот
Таа сега е поголема и изнесува 29,8166 ден/nm3,
Оваа цена е повисока за 3,58% од претходната цена
http://www.erc.org.mk/odluki/PG-C-2014 06 18 - ODLUKA CENA MAKPETROL PROM-GAS JUNI 2014.pdf
 
Последно уредено:
Се надевам дека Македонија ќе има повеќе среќа од Србија во гасификацијата... и дека нема да бидеме ограбени како во времето на транзицијата..
 
Гасот повторно поскапува овој пат за 5,1%, одлучија лепотаните од Реголаторна. Ова е уште едно поскапување, погледнете го постот 111 на истава страна
Новата цена на гасот е 31,3407 ден/nm3
http://erc.org.mk/odluki/PG-C-2014 07 21 - ODLUKA CENA MAKPETROL PROM-GAS JULI 2014.pdf
Можете да го погледнете образложението на оваа одлука
Гасот Русите го покачиле само за 0,698% од од 472,80 УСА$/1000 nm3 на 476,10 УСА$/1000 nm3
Курсот на доларот се сменил незначително од
45,2900 ден/$ на 45,3000 ден/$ односно незначителни 0,022%
Образложението за ова поскапување се наводните зголемени трошоци на Макпетрол
Ете како лепотаните од регулаторна се однесуваат
 
http://dnevnik.mk/?ItemID=003B9E399FEF6147BB8295CF83E0BE3B
Во Дневник е објавен опширен напис за состојбите околу гасификацијата
На кратко:
Ќе се градат мрежи и кон други градови
За Гасификација на Скопје се пријавени две претпријатија
Ќе се градат станици на кој ќе се продава компримиран гас за коли
 
Денес е обајвен тендер од страна на ГА-МА за купување на цефки за гасоводот.
ГА-МА е фирмата задолжена за управување со мерните станици за гас. Во одборот на директори на ова акционерско друштво е женката на Латас.
 
Види, види...
Јас мислев дека Латас е во врска со Ивона
Но тоа не е важно
Дали знаеш и можеш објасниш кои претпријатија се во бизнисов со гасот.
Се појавуваат, Македонски енергетски ресурси
http://www.makedonskienergetskiresursi.com.mk/
ти го спомна ГА-МА
А и Макпетрол има некакво Макпетрол пром гас
//www.makpetrol.com.mk/zamakpetrol_mk.asp
 
Саша Леќиќ е исто во одборот на ГА-МА, втор човек во Макпетрол, а прв во ОИЛКО ( бар вака сум јас запознаен со ситуацијата, немора да значи дека е точно).

За МЕР незнам како стојат работите, ама без амин од ВМРО ништо не бидува.
Саша е доста компетентен, ама за Макпетрол да земе дел од колачот сигурно платил или ќе плаќа во иднина...

п.с кој има пари нека купува акции во ГА-МА :)
 
Ако можеш распрашај се по детално.
Кое претпријатие што работи?
Ќе имаме корист од тоа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom