Gary Larson - карикатуристот

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.130
...или поточно цртачот на мали стрипчиња. И повторно ќе се запраша човек зошто би му се отварало некоја посебна тема на овој човек? Обичен цртач, нормално скоро секој може да биде. Но... пораката во тие мали стрипчиња е оноа што човека го тера да го вреднува за еден од најкомичните карикатуристи или на англиски што би се рекло cartoonist-и во денешно време.
Кратка биографија за типов - американец е, роден во поствоениот период - 1950тата година во University place во сојузната држава Washington. Голема заслуга за неговите почетоци има неговиот брат поради тоа што како мал го имал заебавано својот помал брат со понекоја шала.
Како и да е типов (Гери) има завршено факс во својата родна сојузна држава а отпосле се вработил во некоја музичка продавница и буквано му ску*чило па сфатил дека го бива за цртање. И се` започнало откога направил пет-шест цртежи и ги испратил во Pacific Northwest Mаgazine или тогаш попознато како Pacific Search.. По кратката соработка со уште еден весник од Сиетл, Ларсон ги поднесува своите трудови во Seattle times.
Неговото познато дело The far side започнува толкму во горенаведениот весник за да подоцна го прифатат во Cronicle.

извор

Според мене човеков е ѕвер и вреди да му се погледнат делата. За оние кои преферираат неелектронска форма за читање, овие стрипчиња искачаат во последната страница на Политикин забавник – нормално со српски превод .
За крај би додал неколку мои омилени.




 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Прв пат слушам за човеков искрено, ама разбарав на интернетов и оваа ми се свиѓа многу

 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Гери Ларсон е еден од ретките карикатуристи од странство чиј труд сум имал можност подобро да го запознаам, главно преку џепното издание „Галерија на откачената страна“ издадена во 1996 година од една наша издавачка куќа.
Ми се допаѓа неговата смисла за хумор, едноставноста и разбирливоста. За разлика од повеќето „карикатуристи“ кај нас, овој успеа повеќепати да ме насмее.
 

NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
ми се допаѓа Гери Ларсон, скоро секогаш успеваат да ме насмеат неговите карикатури. Инаку прв пат ги видов неговите дела во политикин забавник.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Гери Ларсон е ѕвер над ѕверовите. Тоа што многу форумџии тука го прават со зборови, доведувајќи ја иронијата до совршенство, и пред појавата на сите мотиватори, демотиватори и Lolcats, пред назедата на Доктор Хаус генерацијата, хуморот на Гери Ларсон делуваше ко откровение. :cuc:

















 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Иам една книга во електронски формат од Гери Ларсон уште од пред 4-5 години, дојде со PC Info списанието. Многу ми се сфиѓаше неговиот хумор, ама немав интернет тогаш. Баш убаво ме потсетивте :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Црн хумор, прерипај ако не ти се допаѓа...


Анализирана црната кутија... последниот разговор на пилотите на Качински. :icon_lol:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.351
Поени од реакции
79.182
Има две мали збирки на македонски издадено (ги имам, како и една голема на англиски).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom