Галеб Г-4С и Орел Ј-22

  • Креатор на темата Креатор на темата M.O.P.
  • Време на започнување Време на започнување

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Што мислите за овие два авиона со кои авиони би биле рамноправни на пр. од Авионте на Америте
ставајте слики ,податоци од перформансите,клипови од авионите..
 
Што мислите за овие два авиона со кои авиони би биле рамноправни на пр. од Авионте на Америте
ставајте слики ,податоци од перформансите,клипови од авионите..
diels-grumman-hellcat.jpg
north-american-p51d-mustang.jpg

:свиркам:
 
Првиот не али вториот би можел дефинитивно да се носи.Мустанг е тоа не е играчка.
Nema sansi ni mustangot
--- надополнето: 28 март 2012 во 16:20 ---
Nema sansi JET avion da se sporedi so Propeler avion zatoa ovie mislam otpagaat ,ako nekoj misli sprotivno neka stavi performansi od site avioni ke sporedime ama pak mislam nema sansu
 
Nema sansi ni mustangot
--- надополнето: 28 март 2012 во 16:20 ---
Nema sansi JET avion da se sporedi so Propeler avion zatoa ovie mislam otpagaat ,ako nekoj misli sprotivno neka stavi performansi od site avioni ke sporedime ama pak mislam nema sansu


Може мустангот при diving ( не знам како е на македонски точно али е делот кога авионот нурнува надолу ) може мустангот да ги следи првобитните ЈЕТ Авиони.А тоа се овие авиони чии перформанси се за нигде.Всушност и сите овие се наменети само за тренинг на пилоти.
 
Galeb G-4S e trening avionce ,Orelot mislam deka ne e, bombareder i lovec e.
 
Што мислите за овие два авиона со кои авиони би биле рамноправни на пр. од Авионте на Америте
ставајте слики ,податоци од перформансите,клипови од авионите..

Галеб е авион за преобука на пилоти од клипни на млазни авиони. Тоа му е основната намена. Не е за воздушни тепачки направен.
Секундарна намена му е подршка на копнени единици. Има многу мал радиус на дејство и мала носивост на оружје. Нормално, може да учестувува и во воздушен дуел, но малку се типовите денес против кои би имал шанси, хеликоптери and such...
Но за својата основна намена бил сосема добар во своето време, имал и завиден извозен успех.
Направиле и негова јуришна, партизанска верзија, позната како Јастреб со нешто поголем радиус и носивост.

Орао е јуришен авион на кого основна намена му е подршка на копнени единици. Има релативно добра носивост и скромен радиус. Имал мислам и извидувачка варијанта а теоретски може да се употреби како ловец со ракети воздух-воздух и топовите. Но и тогаш би можел да парира само на хеликоптери и авиони од негова класа или од класата на галеб. Нешто како Јагуар за сиромаси, југо-романски проект. Fail...ish....airplane.

Со кој американски авион би можеле да парираат во реални услови....ако налетаат на Ц-130 или Chinook i guess...
 
Галеб г4

е школско - борбен авион. Како што кажа колегата Тоукатер авион за преобука на пилоти со можност за тепање по копно. Мислам дека неколку имаат и опција за лансирање Маверик ракета воздух-земја која е наведувана со камера.
Кога бил направен бил сосема солиден авион за својата намена, т.е. обука на пилоти и напад на земни цели. Дури и Американците го земале во предвид како опција за обука на своите пилоти но распадот на Југославија, како и конкуренцијата од Американски фирми пресудио против ова. Иако во одбрана на овој авион мора да кажеме дека Америчките пилоти биле многу задоволни од перформансите.

Орао ј22

од почеток бил замислен само како јуришник, т.е. стриктно за напад на земски цели и бродови (види маверик) и бил направен во соработка со Романија. Никогаш не бил проектиран да се бори со други авиони.
Најголем проблем на овој авион е недостатокот на јак мотор. Никоја земја не сакала да и продаде на Југославија лиценца за силен млазен мотор па како алтернатива се употребени 2 ролс-ројс вајпер мотори кои биле произведувани по лиценца во Југославија.
Решението етака-така. Поевтино ке било да се купел некој авион од како Јагуар или Су-22 али тогаш се фурале на независност од страна што се однесува до оружје па затоа е и направен.

Ниту Галеб ниту Орао никогаш немале намена да се борат со други авиони освен во случај на десант од СССР каде ловците би ги нападнале Руските ловци а Галебите и Орловите би ги напаѓале транспортите.

Инаку мало дополнување на колегата Тоукатер:

Галеб г2 и Јастреб г1(Јастреб е едносед а галеб двосед инаку се скоро исти)

се постари авиони од г4 и се вистински партизански авиони. Иако млазни слетуваат и полетуваат од тревнети површини.
Според стратегијата на ОНО (општонародна одбрана) во случај на војна СФРЈ ке војувала или со НАТО или со Варшавскиот Пакт (поверојатно) каде непријателот би целел на окупирање на територијата на Југославија.

Според процените, Југословенските оклопно-механизирани единици би биле уништени до крајот на 7-от ден на инвазијата а ловечката авиација до крајот на 30-от ден на инвазијата и тоа ако се оди по план од наша страна.
Но тоа е доволно да се изврши тотална мобилизација и концентрација на силите во Босна, Црна гора, шумадија, планините на Македонија како и динарските масиви во Далмација од каде би се повел отпорот кон непријателот на планински терен со помош од партизанска авиација. Сосем реално за 60-ти, 70-ти и 80-ти години.

Што се однесува до ловци, Југославија почнала со развој на свој ловец (како и секогаш се доцнело зошто никој не сакал да продаде лиценца за мотор) но и тоа завршило со распадот на Југославија. Проектот се викал Нови Авион и требало да биде нешто како мини-Рафал и направен во соработка со Франција која ке го обезбедела моторот и дел од електрониката.

Дури и модел на кабината е направен

Како и модел за тест во воздушен тунел


Мислам дека требало околу 300 да бидат направени за ЈНА и да ги заменат сите Миг21 и 29 како и поголем дел од Орао авионите. Нормално би се продавале на „неврзаните“ земји.
Заради овој проект Југославија набавува само 16 комада Миг 29 колку да се запознаат пилотите со 4-та генерација на авиони очекувајки дека сами ке правиме авион али војната го прекинува овој проект.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom