Луис Суарез и Златан Ибрахимовиќ се сигурно меѓу петте најдобри напаѓачи во светот, а двајцата го печеа занаетот во Ајакс и од Амстердам тргнаа во пококување на Европа.
Стариот континент треба да се припреми за новиот напаѓачки феномен, актуелниот напаѓач на Ајакс, 20-годишниот Аркадијуш Милик кој има подобар учинок од Ибра и Суарез кога тие беа на негови години и играа за клубот од Амстердам.
Милик постигна 17 голови оваа сезона на 16 натпревари, а Ибра и Суарез на негови години и на ист број натпревари постигнаа по 6, односно 8 голови. Притоа Милик запиша и седум асистенции, додека Уругавецот тоа го направил шест пати, а Ибра само два пати.
Полјакот просечно ги тресе мрежите на секоја 41 минута, дека на многу попознатите колеги на негови години им требаше многу повеќе време – Суарез 83, а Ибра 122 минути.
Напаѓачите на Ајакс се секогаш „барана роба“ на трансфер пазарот, па можеме да очекуваме на крајот на сезоната европските гиганти да се „тепаат“ за Милик.
Позајмен од Леверкузен.