Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Само Јунајтед може да рокне 100 милиони за десно крило и после една сезона да искешира уште 100 милиони повторно за десно крило.

Стварно не разбирам на кој принцип работи клубов.
Имаат некаков план и стратегија?

Тен Хаг сака десно крило што игра со лева нога, исто како што инсистираше LCB да му е левак. Среќа во несреќа е што Санчо пружи за нијанса подобри партии од лева страна, не дека брилјираше нешто, па може да го премести таму, доколку има потреба.

План и стратегија е мисловна именка во клубот последниве 10 години, благодарение на фактот дека Јунајтед е единствениот клуб во светот што оперира без спортски директор. Го бркаа Де Јонг цело лето, генијалци, кога играчот воопшто не сакал да ја напушти Барселона, иако мислев дека не се до толку некомпетентни да не добиле гаранции од играчот дека сака трансфер. Па го купија Касемиро, тотално различен профил на играч, иако, прекопотребен на Јунајтед.

Мартинез го преплатија, а Ентони, кого го оставија за на крај откако ке го потпишат Де Јонг, зошто им бил клучен трансфер, ке го платат со кожа сега наместо да го купеа на почетокот на летото, пред пола Европа да им го купи составот на Ајакс.

Не разликуваат што е десно што е лево, па затоа сега имаат 10 леви крила и ниеден десен.
Ништо чудно и овој да искочи лево крило, не сум го гледал до сега.

А може и намерно бегаат налево зошто десно ќе комбинираат со Ван Бисака и Далот.

Кинеш у последно време...

1-bojan_velevski_stand_up.jpg
 
Последно уредено:

@Донев какви се шансите Челзи да лупнат 150 милиони за Леао до крај на трансфер периодов?
Ништо нема да ме чуди, ама шансите да се случи волку голем трансфер во ептен кратко време мислам дека се блиску до 0.

Иначе сабајле прочитав дека клаузулата од 150 не му важи во последнава недела од трансфер периодот, што значи дека би морало да има преговори со Милан.
 
Aлал вера кој го смислил генијалниов потег, ако е вистина.
 
Aлал вера кој го смислил генијалниов потег, ако е вистина.
Се пројавија низа шпекулации вчера/денес за ова ама неам идеја дали е 100% вистина, ако е вистина тогаш е потег на Малдини и Масара.

На тема Леао мислам дека нема да си оди, сигурен сум и дека не сака да си оди, нова рунда преговори за нов договор би требало да има чим официјално премине сопствеништвото од Елиот на Ред Брд, се надевам дека ќе се успешни и дека не ни следни уште еден Кеси.

Мада сигурен сум дека доколку не се договорат, ќе го продадат во наредните 2 преоди рока, сигурно не за 150 ама ќе биде нешто близу 100-110.
 
Иначе сабајле прочитав дека клаузулата од 150 не му важи во последнава недела од трансфер периодот, што значи дека би морало да има преговори со Милан.
Па според секаква логика би требало да се преговара со Милан пошто 150 милиони за Леао моментално е нон-сенс.

Али добро, Милан не сака да го продава така да Челзи ќе треба да плати толку. :kafence:
 
Па според секаква логика би требало да се преговара со Милан пошто 150 милиони за Леао моментално е нон-сенс.

Али добро, Милан не сака да го продава така да Челзи ќе треба да плати толку. :kafence:
Нон сенс од кој аспект? 100м за Ентони? 75м за Исак? 90 за Фофана?

Во овој маркет баш си има смисла, поговото бидејќи Милан не сака да го продаде.
 
Нон сенс од кој аспект? 100м за Ентони? 75м за Исак? 90 за Фофана?

Во овој маркет баш си има смисла, поговото бидејќи Милан не сака да го продаде.
Затоа што нема ниедна цела сезона изиграна на ниво. Лажат малце ланските последни 7-8 кола.

Ама да, у споредба со овие што викаш, и океј е цената.

На крај краева мислам дека и сам си свесен дека моментално 150 милиони Милан нема шанси да добие, нејќе да продава точно, ама ако Челзи им дојде со првична понуда од 80-90 милиони дека полека полека ќе почнат да се договараат.

Слично беше и со Лукаку, едвај 110 извадија на крај. Плус Лукаку имаше бројки позади него.
 
Со оглед на тоа дека константно се труби дека моментално се (пре)плаќа сув потенцијал, мислам дека Леао го има повеќе од Лукаку, гледајќи каков играч може да стане Леао во иднина - па затоа мислам дека доколку има некој клуб што е доволно очаен, може и ќе се излаже да плати 150м ко од шала.

Дека не вреди 150м во овие моменти, би било лудо да убедувам, исто ко што не вредеше и Лаутаро 110 пред 2 сезони кога и клаузулата му беше толку, а и еден куп играчи што веќе направија трансфер летово или ќе прават во наредниве два преодни.

Иначе дали сега ќе преговараат на 5 дена до крај, не сум баш сигурен, да стигнела во јули некоја таква понуда од 110-120 мислам дека ќе била разгледана.
 
Прашање е и колку ќе одлучуваат Малдини и Масара доколку стигне некоја понуда околу 100 милиони.
 
Со оглед на тоа дека константно се труби дека моментално се (пре)плаќа сув потенцијал

Не знам што имаат видено Челси во дечково, па да се размислуваат да дадат 70-80 милиони евра. Сулудо ми е. Можеби се во право, и ке прерасне во играч, ама ова е епска коцка на играч да исполни потенцијал.

Сите голови од одбиток или кога него топката го има удрено. Цела компилација од голови во 21 секунда. Не го хејтам дечково, само ми е тешко разбирливо дека Челси се спремни да дадат толкава пара на ваков играч.

Не можам да разберам како планира Тухел да освојува нешто без финишер, буквално се што има во напад - финишот им е слаба точка.

Нема еден играч што е спремен да даде 20+ во домашно првенство.
 
Не знам што имаат видено Челси во дечково, па да се размислуваат да дадат 70-80 милиони евра. Сулудо ми е. Можеби се во право, и ке прерасне во играч, ама ова е епска коцка на играч да исполни потенцијал.

Сите голови од одбиток или кога него топката го има удрено. Цела компилација од голови во 21 секунда. Не го хејтам дечково, само ми е тешко разбирливо дека Челси се спремни да дадат толкава пара на ваков играч.

Новиот Рос Баркли. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom