- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 33.896
- Поени од реакции
- 70.954
Само Јунајтед може да рокне 100 милиони за десно крило и после една сезона да искешира уште 100 милиони повторно за десно крило.
Стварно не разбирам на кој принцип работи клубов.
Имаат некаков план и стратегија?
Тен Хаг сака десно крило што игра со лева нога, исто како што инсистираше LCB да му е левак. Среќа во несреќа е што Санчо пружи за нијанса подобри партии од лева страна, не дека брилјираше нешто, па може да го премести таму, доколку има потреба.
План и стратегија е мисловна именка во клубот последниве 10 години, благодарение на фактот дека Јунајтед е единствениот клуб во светот што оперира без спортски директор. Го бркаа Де Јонг цело лето, генијалци, кога играчот воопшто не сакал да ја напушти Барселона, иако мислев дека не се до толку некомпетентни да не добиле гаранции од играчот дека сака трансфер. Па го купија Касемиро, тотално различен профил на играч, иако, прекопотребен на Јунајтед.
Мартинез го преплатија, а Ентони, кого го оставија за на крај откако ке го потпишат Де Јонг, зошто им бил клучен трансфер, ке го платат со кожа сега наместо да го купеа на почетокот на летото, пред пола Европа да им го купи составот на Ајакс.
Не разликуваат што е десно што е лево, па затоа сега имаат 10 леви крила и ниеден десен.
Ништо чудно и овој да искочи лево крило, не сум го гледал до сега.
А може и намерно бегаат налево зошто десно ќе комбинираат со Ван Бисака и Далот.
Кинеш у последно време...
Последно уредено:


