Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не. Ако тргне колата низ брдо, пак ќе имаш сапуници од типот на „ама мене не ми ги донесоа тие што сакав“ како со последните 5-6 менаџери.
Шо знам, не сум го глеаш овој Сери многу ама не ми личи на тип на играч на Сари, ваљда Бакајоко инстантно ќе лета пошо не трпи такви играчи овој.

Не верувам долго да трае у секој случај, Роман ни на Анчелоти, ни на Мурињо, ни на Конте им дае одврзани раце а овој па е ептен дрзок у интервјуа коа нешо не му штима.

1 сезона максимум во Челзи.
 
Паулињо со задолжителен откуп од 50 милиони во јануари. Барселона го потпишува Артур, и е заинтересирана за Рабиот на кој му истекува договорот следната сезона. Најверојатно е желба на Абидал.
Леле едвај чекам новата сезона со Рабио и Вилиан :ljubove::ljubove::ljubove:
 
Шо знам, не сум го глеаш овој Сери многу ама не ми личи на тип на играч на Сари, ваљда Бакајоко инстантно ќе лета пошо не трпи такви играчи овој.

Не верувам долго да трае у секој случај, Роман ни на Анчелоти, ни на Мурињо, ни на Конте им дае одврзани раце а овој па е ептен дрзок у интервјуа коа нешо не му штима.

1 сезона максимум во Челзи.
Абе првата сезона на сите им погодуваат. Ако ги погледнеш играчите со кои не поврзуваат...
Головин - Сари пробал да го донесе и во Наполи лани
Ругани - поранешен играч на Сари
Игуаин - поранешен играч на Сари
И многу играчи на Наполи.
А за овој Сери уште пред месец дена се збореше дека сакаат да го земат, ама некако не ми се верува да е точен муабетов. Пишува да се договореле клубовите, а работата беше дека има клаузула од 35 милиони и дека нема да го пуштат освен ако некој ја плати.

Иначе не знам веќе дали е трагична или комична целата ситуација. Денес почнуваат тренинзите и мораше бар со Конте да е веќе решена ситуацијата. А вака денес Конте ќе тренира со играчите (со доста е во конфликт), па најверојатно за некој ден ќе го отпуштаат :sramezliv:

И дур никој ништо не знае за тренерот и трансферите, клубот месецов си објави неколку нови спонзорски договори. Битно брендот да се јача :D
 
Последно уредено:

Ако се уште мислиш дека ова е хаос тркни до нашата тема за Милан, одма ќе ти олесни и ќе си речеш дека бољи вака ко шо терате вие :Д
 
Саутемптон платија зимото над 20 мил.евра за Кариљо и сега на позајмица го праќаат. :pos:

Последно уредено:
Според новинаров кој ги покрива Сити, Челзи се умешале во трката за Жоргињо поради Сари и ако им ја изедначеле или подобреле понудата, немало да притискаат за Жоргињо иако се веќе договорени со играчот. Единствено било потребно играчот да одлучи и сам да притисне ако му се игра за Пеп, нешто што не го направиле Алексис, Фред, Обамејанг преклани и најверојатно Жоргињо. Интересно е што го форсираат ова Pep or money откако лани испотрошија 200 милиони од кои 150 за бекови и секако дека ова нема да важи кога ќе треба да дојде време да се менува скелетот на тимот.

Интересна си за другите тимови, посебно Сити, а за Јунајтед ги тешиш твоите колеги од фан клубот Јунајтед дека тие суми не се ништо за тој тим и дека не ги даваат парите од џеб фановите па да се секираат за сумите. :icon_lol: Едноставно нека се потпишаат само квалитетнi играчи и парите небитни како што велиш и самата. :D Нешто кое го направи Сити доволно за да освои ПЛ, не дека Вокер е посебно квалитетен играч, но доволно беше да помогне и да се вклопи во тој систем на Пеп и да избегаат 100 бода од другите тимови и да се понашаат како Баерн во Бундеслигата :))))
Инаку сигурно дека Обамејанг ги одбил Сити за да после една година се пресели во Арсенал, сигурно :D. И да имало интерес од Сити, од Дортмунд одбиле и со тоа се се прекинало. Уствари најсериозно се занимаваа лани летово за во Кина да го продадат, играчот и сакаше таму ама нели пропадна трансферот. За Фред праевме муабет пред неколку дена. :) За Алексис не сакаа толкава сума да платат колку што требеше и завршена беше работата со тоа кога и Јунајтед се умеша и беа спремни да платат поголема сума и поголема плата. Исто како што и Баерн се тргнаа фино и мирно настрана кога слушнаа колку голема плата барал така да јасно е дека парите му биле цел бр.1 на Алексис наспроти новиот клуб. А тоа што име како Јунајтед му отвори врата со супер понуда за плата му дојде како шлаг на торта.
Инаку добро му е тоа на Пеп, играчи тој секогаш може добри да најде за неговиот тим така да нема потреба од наддавање за секој играч. А доколку е сигурен во некој 100% дека ќе го засили неговиот тим, е тогаш не верувам да прави такви тактики како што велиш Pep or money
 
:cautious:

4E0FC69A00000578-5934027-image-a-53_1531144943848.jpg
 
Интересна си за другите тимови, посебно Сити, а за Јунајтед ги тешиш твоите колеги од фан клубот Јунајтед дека тие суми не се ништо за тој тим и дека не ги даваат парите од џеб фановите па да се секираат за сумите. :icon_lol: Едноставно нека се потпишаат само квалитетнi играчи и парите небитни како што велиш и самата. :D Нешто кое го направи Сити доволно за да освои ПЛ, не дека Вокер е посебно квалитетен играч, но доволно беше да помогне и да се вклопи во тој систем на Пеп и да избегаат 100 бода од другите тимови и да се понашаат како Баерн во Бундеслигата :))))
Па го правам тоа де, никаде не реков дека не го правам. Еве конкретно ако не си забележал, секој втор пост во фан клуб ми е за ценкањето за фунта плус за Алдервеирелд, Сандро итн. и дека тоа нема да не води никаде и следната сезона, не си ги кријам постовите :)

Проблемот е што Сити пробуваат да се борат со чудовиштето што го создадоа лани а и низ сезоните и ризикуваат поради тоа да изгубат квалитетни играчи (исто како нас), но кај нив тоа не е толку страшно барем засега зошто сепак финеси им фалат. Како што кажав, лесно е сега да го правиш тоа со „или ќе притисне да игра за мене или воопшто нема да игра за мене“ кога скелетот на тимот е тип топ и дека тоа ќе важи се додека не се пензионираат или решат да си заминат во Реал или Барселона ликови како Стоунс, КДБ, Агуеро, Сане.. Тогаш ќе си играат фудбал менаџер како претходно и како Јунајтед низ сезониве :)

Како што ги следам новинарите што го следат Јунајтед, ги следам и тие што го следат Сити затоа што најчесто се и истите и како што може да им се верува на тие што го следат Јунајтед кога ќе се пише нешто вакво слично, ќе им се верува и на овие што ги критикуваат некои постапки :toe: Олабавете се малку, а се спомне Пеп како на тастер се палите повеќето Барса и Баерн фанови.
 
Олабавете се малку, а се спомне Пеп како на тастер се палите повеќето Барса и Баерн фанови.

Не се палам Фросе. Муабет си правиме. Немој до толку лично да ги сфаќаш тие муабети како да те напаѓам. Интересна си ми како и од секоја ок работа, став и потег од страна на Пеп го гледаш некако негативно , погрешно, глупо од негова страна. Таков впечаток оставаш одамна. Еве и лани уште од старт првите 2-3 кола од ПЛ одма се фати за Менди памтам. Тогаш повеќе страни имавте испишано на таа тема. Па и постови смешни со "se privikna li ligata ne Pep hehhe" за да после 7-8 коло веќе те снема. :icon_lol:
На друг начин сакаш да ги гледаш работите кога станува збор за Пеп. :D
 
Не се палам Фросе. Муабет си правиме. Немој до толку лично да ги сфаќаш тие муабети како да те напаѓам. Интересна си ми како и од секоја ок работа и став од страна на Пеп го гледаш некако негативно , погрешно, глупо од негова страна. Таков впечаток оставаш одамна. Еве и лани уште од старт првите 2-3 кола од ПЛ одма се фати за Менди памтам. Тогаш повеќе страни имавте испишано на таа тема. Па и постови смешни со "se privikna li ligata ne Pep hehhe" за да после 7-8 коло веќе те снема. :icon_lol:
На друг начин сакаш да ги гледаш работите кога станува збор за Пеп. :D
Не знам каде испаѓа дека само од страната на Пеп го гледам ова како глупо и погрешно кога за истово како што ти напоменав го ругам и Јунајтед и секој што го чита фан клубот може да го потврди тоа :toe: Дури и веќе не пишувам зошто мислам дека здосадив со едно исто.

Ни на Јунајтед пост Фергусон ни на Сити моментално не им доликува да се ценкаат за фунта плус кога испотрошиле низ годините колку БДПто на цел Балкан, тоа ми беше примарното мене што ме натера да го пишам постот.

За Менди добро памтам дека пишав дека е поплава стартните кола и дека до крајот од сезоната може да биде и второ јавление на Евра, не значи дека ако почнал лошо дека е осуден на пропаст (еве токму Евра кога дојде во Јунајтед беше камен па стана најдобар лев бек во светот) ама факт е дека Менди на почетокот беше изгубен во просторот и после се случи тоа што се случи.

Инаку досетките со se privikna na ligata hhh како и сите други досетки поготово на таа тема. Пеп се поправи, се изгубија и досетките, исто како што се изгубија Ford Mondeo hhhh за Марсијал, само што јас имам доблест да пофалам некого и да си го исправам мислењето, како што го исправив за Лингард и Окс последно и како што го пофалив Пеп за Отаменди во темата за Франција - Аргентина и остали со две леви нозе што ги направи шампиони на Англија и дека по светсково сфаќаме дека нема добиено доволно пофалби.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom