Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Какво играчиште е Саинт Максиман, штета што најдобрите години ќе ги мувлоса во Ал Ахли... Чудното е што никој од поголемите екипи не загриза за него. Њукасл без него ќе е дупло послаб во напаѓачката линија, ептен им отвараше простор напред со својата брзина и техника. Уште еднаш, штета...

Aма кое играчиште со 13 гола во 130 настапи за Њукасл? Ништо не е чудно што посаглам екипа не се заинтересира. Лани даде 1 гол за цела сезона во ПЛ. Нема завршница, прекатастрофален е во тој аспект. Лаже на око само заради тоа што е пробивен играч, ама кога треба да асистира или финишира, капут. МекТоминеј и Фред, секој засебно, имаат повеќе голови од него. Заслужено во С. Арабија ке иде.
 
Њукасл лани цела сезона ја помина без него. Тотално не одговара на системот што го игра Хауи, Барнс на пример сега што го земаа е роден за тоа. Башка често се повредува.
 
Какво играчиште е Саинт Максиман, штета што најдобрите години ќе ги мувлоса во Ал Ахли... Чудното е што никој од поголемите екипи не загриза за него. Њукасл без него ќе е дупло послаб во напаѓачката линија, ептен им отвараше простор напред со својата брзина и техника. Уште еднаш, штета...

Превара од играч е овој. Затоа и скапа на клупа кај Хау. Се издвојуваше од другите кога Њукасл беа умрени дека дриблер нели но џабе кога само тоа и го знае, дриблење без завршница.
 
Интер Мајами пензионерски дом за поранешни Барса играчи :pos:
 
Со 200 милиони годишна плата.

Грешка, наводно 700 милиони евра за една година му понудиле на Мбапе и можност да си отиде следно лето без пари.
 
Последно уредено од модератор:
Грешка, наводно 700 милиони евра за една година му понудиле на Мбапе и можност да си отиде следно лето без пари.
Ако е точна понудава, овој без размислување ќе ја прифати
 
Најдосадната трансфер сага во историјата, за едно копиљче мало егоцентрично. Сакам во ПСЖ, не сакам, сакам во Реал, ќе останам во ПСЖ, ќе си заминам од ПСЖ, сепак Париз е мојот дом. И така во недоглед.

Смарач роден. Ве молам да не го ставате веќе во било како контекст со Роналдо и Меси, греота е.

И да, ќе речам уште еднаш, подобро е Реал да стои подалеку од него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom