Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Врв било на инстаграм како ги дупел.Брозовиќ изгледа ги одбил арапите, се глупираше и тролаше низ интернетот последниве 2 дена.
20 му понудиле, па наводно им рекол по 30 милиони за 2 сезониа на инстаграм пишува коментари дека 50 по сезона би било таман.
После Модриќ и Ракитиќ и Броз ги одбива нафташите. Хрвативе се понашаат ко да се родени и израснати кај Рокфелер у двор.
Сака у Барса која му нуди нешто ситно повеќе од тоа што го зима у Интер а тие сеа за сеа не можат да идат со понуда поголема од 18 милиони евра за Интер.
Јас ако се прашувам боље да иде у Барселона, класа е Броз и сеуште има врвен фудбал у него. Топ ќе легнат со Барса, идеален играч им е за позицијата на Бускетс, има да ора.
Спремете се за крокодилот, Гави има да плаче од мука коа ќе му се закачи Брозо со тоа позата рака на брада, дове сеи Гави, дове сеи.![]()
Арсенал беа многу лимитирани во составот минатата година. Немаа длабочина доволна за да издржат такво темпо кое Сити го наметна.
Годинава со ЛШ, им треба поширок состав. До сега сите три засилувања кои ги прави Артета (Хавертц, Рајс, Тимбер) ќе имаат директен импакт во првиот тим.
Да видиме како ќе продолжи да ги надоградува и замените.
Во секој случај, прави респектабилен тим кој тек допрва треба да го достигне врвот.
И, ако некој може да ја прекине доминацијата на Сити во следните години (може не оваа), највеќе шанси има тоа да е Арсенал.
Со заминувањата на Џака и Парти пак немаат длабочина на тој дел од теренот. Ете Рајс и Хаверц да се директни замени им фалат уште 2ца.
Не го отпишувајте Ливерпул. Се мачеа сезонава со повреди, видовме последните кола каква серија направија башка што ќе се засилуват дополнително.
Од како дојде момчето се разниша Арсенал, боље да не го спомна.Се спомнува и Лавиа од Сотон за во средина. Добар играч, ама не знам колку е спремен за во прв тим. Веројатно ќе биде замена.
Според пишувата Артета го планира Хавертц за местото на Џака. И тука е Жоргињо.
Ќе видиме како ќе се вклопат. И многу промени не е добро.
Ливерпул исто така прави добри трансфери. Секако се очекува да се врати во топ 4, и без ЛШ, може да се борат за титула.
Светско чудо, 2 часа поминаа, а го нема да ти стави тажна реакција. Изгледа го искараа, фрлен е на работа.