Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно се наѕира крај на една од попатетичните трансфер саги, од која можеше (уште може) Челзи прописно да се посрамоти.

И овојпат чекаа Барселона да ги продаде ТВ правата и да се обиде да го доведе Кунде. :pos:

Сета среќа што овој сакал и во Челзи да игра, не бил фиксиран кон Барселона како Рафиња и ќе испадне успешно тегнењето, веќе втора сезона по ред.

Кунде мене ми се допаѓа и ќеф ми е ако потпише. Ма да и да не потпише, мех. Ми стана сеедно, уморија 15 месеци со истото. Единствено ќе ми е по мерак тоа што ќе патат бедните новинарчичи од Барселона кои по секоја цена се обидуваат да спинуваат и измислуваат.

Сега, гледајте, доколку Кунде пристигне во Челзи, ПР-от каталонски ќе работи во оваа насока:

- Барселона никогаш не се интересирала/не понудила ништо за Кунде, само формално можеби разговарала со играчот

- понудата на Челзи далеку повисока од нивната, доколку е случена

- Кунде ќе зема xx (висока плата), Барселона нудела многу помалку
 
Што играч е Дан-Аксел Загаду??

Знам дека е црн :D ама има ли можност за напредок гледам 23 години е :)
 
Веќе има такви изјави од пред една недела уште :D
 
Сега, гледајте, доколку Кунде пристигне во Челзи, ПР-от каталонски ќе работи во оваа насока:

- Барселона никогаш не се интересирала/не понудила ништо за Кунде, само формално можеби разговарала со играчот

- понудата на Челзи далеку повисока од нивната, доколку е случена

- Кунде ќе зема xx (висока плата), Барселона нудела многу помалку
Освен каталонското ПР и друг има објавено слични информации :D

Што играч е Дан-Аксел Загаду??

Знам дека е црн :D ама има ли можност за напредок гледам 23 години е :)

Иако има 23 години, уште го мислам дека е тинејџер. Не се изнаигра многу во Дортмунд, како да стагнира во кариерата. Богата историја на повреди има. Во хороскоп е близнаци.
 
Освен каталонското ПР и друг има објавено слични информации :D

Да де, формално немаа ниту за Рафиња. Па ги имаа сите конци.

Ако потпише играчот за Барселона, топ. Ако не потпише, не потпишал поради икс причини, не дека Барселона не успеала.
Никако некој своевиден неуспех да се препише.
 
Сега, гледајте, доколку Кунде пристигне во Челзи, ПР-от каталонски ќе работи во оваа насока:

- Барселона никогаш не се интересирала/не понудила ништо за Кунде, само формално можеби разговарала со играчот

- понудата на Челзи далеку повисока од нивната, доколку е случена

- Кунде ќе зема xx (висока плата), Барселона нудела многу помалку
1. Ова ти е оксиморон. Ако формално разговарале, значи се интересирале. И да, нормално дека Барселона беше заинтересирана за Кунде, секој кој ќе рече спротивно - лаже.
2. Не знам колку е тоа далеку, ама и англиските медиуми објавија дека Челзи ја зголеми понудата и дека истата е поповолна од тоа што Барселона можела да го понуди.
3. Види под број 2
:D
 
Не е оксиморон, туку јас сум морон. Мислев на неформално, секако.

Понудата од Челзи е поголема и не е тоа воопшто спорно. Условите се навистина подобри (и персонални и сумата наменета за Севиља).
Ако не се лажам, денес и официјално во Барселона стигнаа пари од продадените ТВ права. Џерард Ромеро и тие околу, пишуваа дека Кунде намерно одолговлекувал бидејќи сакал во Барселона, а Барселона им ветила на Севиља дека ќе ја мечираат понудата од Челзи.
Сега испадна поинаку.
 
Да де, формално немаа ниту за Рафиња. Па ги имаа сите конци.

Ако потпише играчот за Барселона, топ. Ако не потпише, не потпишал поради икс причини, не дека Барселона не успеала.
Никако некој своевиден неуспех да се препише.
Баш ова што си го пишал, во право си се сложувам, но сигурно има причина/причини зошто не успеале да го потпишат.
Јас искрено мислам дека не успеале на време да пратат еднаква или подобра понуда.
Многу е површно да кажеш само не успеале, сигурно има и причина. Ти негираш постоење на било каква причина.
На крајот на денот играчот бира кај повеќе му одговара да игра.
 
Има причини, јасно. Какви се причините за кои се сомневам дека ПР-от на Барселона ќе ги наведе, којзнае.

Кунде сакал повеќе за Барселона да игра. Сакал и во Челзи, но Барселона му била приоритет број еден.
 
Сега, гледајте, доколку Кунде пристигне во Челзи, ПР-от каталонски ќе работи во оваа насока:
- понудата на Челзи далеку повисока од нивната, доколку е случена
- Кунде ќе зема xx (висока плата), Барселона нудела многу помалку
Ако потпише играчот за Барселона, топ. Ако не потпише, не потпишал поради икс причини, не дека Барселона не успеала.
Понудата од Челзи е поголема и не е тоа воопшто спорно. Условите се навистина подобри (и персонални и сумата наменета за Севиља).
Ако не се лажам, денес и официјално во Барселона стигнаа пари од продадените ТВ права. Џерард Ромеро и тие околу, пишуваа дека Кунде намерно одолговлекувал бидејќи сакал во Барселона, а Барселона им ветила на Севиља дека ќе ја мечираат понудата од Челзи.
Сега испадна поинаку.
Ај договори се што мислиш па напиши, вака изгледаш на машка верзија од Чолисмо.
Првин викаш ПРто на Барселона како сега ќе шири лажни, спинувани информации и после три реда муабет ти тоа го користиш ко твој аргумент. :pos::D
 
Што е поточно проблемот?

Понудата на Челзи е повисока. Понудата на Челзи не е/не би била повисока значително од онаа на Барселона, според верзијата на каталонските новинари.

Условите кои Челзи му ги нуди на Кунде, подобри се од оние на Барселона. Но не се значително подобри од оние кои Барселона му ги нуди/би му ги нудела. Според верзијата на каталонските новинари, Кунде ќе заработувал неделно повеќе од 300.000. Надвор од умот, нормално. :pos:

Ако си читал внимателно, немало да те буни.
 
Што е поточно проблемот?

Понудата на Челзи е повисока. Понудата на Челзи не е/би била повисока значително од онаа на Барселона, според верзијата на каталонските новинари.

Условите кои Челзи му ги нуди на Кунде, подобри се од оние на Барселона. Но не се значително подобри од оние кои Барселона му ги нуди/би му ги нудела. Според верзијата на каталонските новинари, Кунде ќе заработувал неделно повеќе од 300.000. Надвор од умот, нормално. :pos:

Ако си читал внимателно, немало да те буни.
Таа малце подобра понуда може да е клучна причина што ја прифатил вашата понуда
Останува да видиме колку точно се поголеми понудите
 
Епа сега, види. Ако толку сакаш да играш за Барселона, ала Рафиња, знаеш што ќе направиш.

Ќе видиме, прво нека потпише, па потоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom