Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е поентата на текстот, кој е поголем клуб... и како попривлечна дестинација?

Де Јонг зашо не го потпишаа, Пјанич во интервју за Барса кажа дека ПСЖ ги одбил за многу помала плата, за Гризман, Кутињо и Дембеле за сите имаше шпекулации дека ги одбиле ПСЖ... башка што Гризман и Дембеле се французи....
Кој дел од МОМЕНТАЛНО не ти е јасен жити се? И никаде нигде нема официјални податоци дека псж испратил понуда за овие играчи. Можеби биле заинтересирани ама не значи тоа дека испратиле понуда. И па ќе ти повторам самиот факт што Меси јавно ги руга Барса и што бараше да си оди доволно кажува за моменталната ситуација во Барса. А ти до утре можеш да се инатиш пред фактите.
 
Ама кој факти? Еден факт ми кажи? Со што се подори, за кој играч се бореле и двата тима и потпишал за ПСЖ? Како попривлечна, дај причина....

Еве ја ти кажав 2 потврдени трансфери од лани лето и ова лето... тоа е факт, дај ти факт па да праиме муабет...
 
Доволно ти е да се потсетиш кој ти е никот тука. А и да никаде нема дека ПСЖ испратил понуда за тие играчи.
 
Доволно ти е да се потсетиш кој ти е никот тука. А и да никаде нема дека ПСЖ испратил понуда за тие играчи.
А како да има? Документ ли треба? Играчите потпишаа за Барселона. Сите знаеме дека Де Јонг беше пред потпис у ПСЖ отиде Бартомеу и го потпиша... самиот има милион изјави.. исто и Пјанич.

Не знам како би се докажало дека некад 2 тима или поише се заинтересирани за еден играч... каков доказ треба?
 
Така е. Дај боже тој Бартомеу уште 20 години да ја води Барса. Пјанич и Мело беа трансфери за пеглање ФФП, а не нешто дека Пјанич горел од желба да игра од барса.
Иначи што убаво си преќутуваш за Нејмар ситуацијата и за случајот со Меси.
 
Па Барса до 90та година била на ниво на Атлетико М. и Билбао, екипа од врвот на шпанскиот фудбал, но никаков фактор во европскиот, далеку зад Реал М. Би ги споредил со Арсенал од почетокот на овој милениум или со Јунајтед од пред Ферги. Почеток на 90тите почнуваат да се одвојуват од првите и да се приближуват кон Реал. Не заебавајте, Марадона играл и за Наполи и нив ако не да ги сметаме за топ3 тимови?
Шпанија од секогаш била атрактивна дестинација за живеење, поготово Барселона, а клубот финансиски моќен да си ги дозволи фудбалските звезди. Тоа што последните 30 години се издигнаа дополнително со освојување на трофеи е голем плус за денешните фудбалери да ја изберат Барселона.
Покрај се ова што го имаш наброено да го додадеме и Јазикот. Во Јужна Америка се збори највеќе Шпански па после Португалски. Кога ти на ова ќе му додадеш плус прекрасен град како Барселона и финансиски моќен клуб којшто е светски бренд многу нормално дека ќе бидеш поволна дестинација за повеќето играчи. Не е исто да се живее во Барселона или Мадрид или во Манчестер или Ливерпул. :D
 
Жално е колку се претвори форумов во место за лечење фрустрации на 85% од членовите. Нема никаква култура и конструктивна дискусија, за почитување на мислењето на другиот да не зборам. Точно е тоа што вели мнозинството и тоа е тоа.

Нема дебата без да се обиде некој да омаловажи некого. Нема муабет без "тресеш глупости", "мозочен удар", "не се брукај" или фејспалм/смајлиња шѕо се смеат. И најјако е што тие што ги користат овие "аргументи" не посочуваат со буквално ништо зошто другиот тресе глупости.

Не ви ја разбирам потребата да му се исмееш на некој во дебата на форум и зошто тоа ви го храни егото. Ваљда ради лајковите...

Извинете за офтопик, продолжете да си ги вадите очите.
 
Најјако е „хехее ти навиваш за х клуб, немаш право да коментираш“ :pos: :pos:

Ете Барса има еден тон флопови последниве години и сега јас како фан не смеам да коментирам флопови на други екипи. That is very logic.
 
Најјако е „хехее ти навиваш за х клуб, немаш право да коментираш“ :pos: :pos:

Секоја дискусија на фпрумов до 2015та некаде завршуваше со тој муабет од страна на навивачи на Јунајтед. Не смееш да кажеш мислење, не смееш да кажеш дека според тебе одреден потег на одреден клуб е срање, зошто навиваш за клуб кој исто така прави срање потези. Демек, потезите на клубот за кој што ти навиваш се твои, ти можеш да ги контролираш.

Глупи се дискусиите на база на "глеј си во твојот двор", затоа што ние како навивачи не можеме да реагираме и да промениме било што во "нашиот" двор.
 
Како се заебаа што го продадоа Суарез :D
Никој не се заеба што го продадоа Суарез. Тоа беше добра одлука за сите страни, од една страна за Барселона која мораше да започне со транзиција, а од друга страна добра е и за Суарез кој место да се куропецава со Меси сега ќе мора да се труди повеќе и ќе игра фудбал и секако Атлетико кој сега има искусен класа шпиц кој за Мората и Коста во секое време е Роналдо феноменот. Пишав и претходно дека Суарез не е толку лош колку што изгледаше поради генералната мизерија на Барселона и очекувам да има добра сезона за Атлетико.
 
Псж преговара со Челзи за Жоржињо на позајмица, демек и Арсенал заинтерсирани биле
Има муабет дека и Кантвел сакат да го пазарат.
 
Последно уредено:
Чим Баерн го продава Квисанс на Лидс, значи дека веќе се пред договор со некој централ мидфилдер, за кој никој од медиумите/новинарите не знаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom