Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Firpo go dadoa vo Wolws so Semedo ili kje go cuvaat za stanovite na Mesii da gi potpolnuva? :icon_lol:
 
Атлетико добива играч кој би го надоградил нападот,затоа што полош од Коста кој има даено 7 гола од кога е вратен од Челзи и Мората не можи да биди.
А Барса ако го донесат Депај не гледам како тој би имал поголем учинок од Суарез, на крај краишта Суарез во Барса и таков мртов имаше солидни бројки, одлично соработуваа со Меси напред.
Е сега плус за Барса е шо се ослободија од платата негова, значи од финансиски аспект е позитивен овој трансфер за нив ама играчки не сум сигурна.
Без класичен напаѓач ќе бидат, да видиме Гризман оваа сезона шо ќе напрај,полош од лани нема шанси да е.
Супер, не мора да почнува новата сезона пошто ти веќе кажа како ќе е, се знаеш, не може да те изненадат. Суарез ќе е надградба на Атлетико, а Депај ќе биде полош и Атлетико лагано ќе освои Ла Лига и ЛШ. Сместа ќе уплатам штом ти така кажа.
 
Наводно следен трансфер во Атлетико е Тореира, Тореира ин Херера аут.
Автоматски споено мислење:

Супер, не мора да почнува новата сезона пошто ти веќе кажа како ќе е, се знаеш, не може да те изненадат. Суарез ќе е надградба на Атлетико, а Депај ќе биде полош и Атлетико лагано ќе освои Ла Лига и ЛШ. Сместа ќе уплатам штом ти така кажа.
Супер, оти ова е апелационен суд а не форум кај шо секој има право да си искажи мислење, без разлика дали тоа ќе се оствари
 
Јас мислам дека сепак Суарез нема да е толку лош трансфер за Атлетико.
Не се зафркавајте кучето е класа напаѓач еден од најдобрите напаѓачи последните 10 години. Точно дека последниве 2 сезони не е тоа, тоа, ама и цела Барса не е и пак на тоа има најдобри бројки у ЛаЛига после Меси.

Суарез си доби уште 2 сезони во ЛаЛига до 35 години, Барса се ослободи од неговата плата и евентуално 2-4 милиони, а Атлетико доби напаѓач со искуство во лигата и ЛШ кој ќе го има истиот импакт како Мората, може и подобар.
Во таква дефанзивна екипа како Атлетико на Чоло, Суарез ќе има наполу помалку допири со топката по натпревар отколку што имаше во Барселона. Значи, во Барселона имаше по 20 допири по натпревар, тука би имал по 10. Плус во Атлетико нема ни приближно некој играч како Меси кој би го хранел со квалитетни топки Суарез.

Да не бидам погрешно разбран, не го оспорувам учинокот на Суарез во Барселона, само будала тоа може да го направи. Трет стрелец во историјата на клубот е, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на клубот.
Ама последните сезони е само бледа сенка од оној убиствен Суарез кој сите го знаеме.
 
Се согласувам потполно, ако игра Жоао напред ама да игра а не како лани да експериментира Чоло и да го игра вингбек, и да го остава на клупа на дерби утакмици, мислам дека одлично би се надополнувале напред, нормално не е Меси, Меси на тацна му ги местеше пола голови ама мислам дека ќе има солидна бројка.

Немам некое големо очекување од Суарез искрено, не е истиот играч ама си велам дека нема да е лош трансфер на крај, ќе ни биди од корист напред оти сепак е класа играч ама да се надевам од него дека ќе не носи на грб со 30 и кусур гола е лудост, неговото помина.

Измешани емоции имам за трансферот, ни на крај памет немаше да му текни на некој лани дека Суарез ќе го видиме во црвено бел дрес оваа сезона :)
Нормално како и секој фан, убаво е чувството кога во клубот ќе дојди играч како него, макар било и во залез на кариера.
 
Што демек Ето беше боље деветка во Барса од Суарез?
Ако некој бил подобар напаѓач тоа е само Роналдо, ама он одигра само една сезона, така да не може да се стаи таму.
 
Ниту поголема убица не беше Ето...Суарез е најуникатен напаѓач во поновата генерација...прав голгетер....Ето реално повеќе знаеше да се снајди надвор од шеснаесетникот и во контри генерално беше заебан...т.е. технички беше поспремен...ама Суарез е се што отсликува прав напаѓач...лева,десна,дриблинг на мал простор,безброј изнудени пенали од ништо.лобовчиња,брзина на реакција....како програмиран беше во неговиот prime.

Штета што накачи некое кило и сега генерално е пропаднат играч па забораваат луѓето каков убиец беше....ама пак е борец невиден...и плус е најголемо копиле и најгаден играч шо постои па затоа не добива пофалби доволно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom