Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Хевер ај до негде имаше некој „хајп“ дека дечкото стварно можи да биди квалитетен дефанзивец. Ама ко зеде Ливерпул 8 милиони за Кевин Стујарт, то беше то.
Маѓионичари се, секоја чест
 
Автоматски тоа е направено. Твитер-бот, нема чувства.
Само уште да го научи дека треба по уште еден ред да остава за тексот да не му е изместен и ок ќе биде.


Ливерпул сигурно нашле нафта и се расфрлаат сега.
 
Само уште да го научи дека треба по уште еден ред да остава за тексот да не му е изместен и ок ќе биде.


Ливерпул сигурно нашле нафта и се расфрлаат сега.

Ретерираше Клоп вчера во едно интервју. Сега едноставно не му е гајле кој, колку и како трошел, тоа било нивна работа.

Знае дека ќе збучи 100 милиони + летово, сепак.
 
Дечко, навиваш за клуб кој не постои на списокот на сериозни тимови, на кој главна амбиција во Италија е да не биде под десетто место, клуб за кој со Исклучок на Ибра играат тешки анонимуси кои од дома не ги знаат дека играат фудбал. Зборуваме за клуб во кој Бакајоко делува како солиден фудбалер.

Зошто се мешаш во машки муабети?

Ние бар сме свесни дека сега Милан не е топ клуб по квалитет, па не се лажеме самите себе, ниту другите, па да ни се смеат.

А амбициите се исти на двата клуба веќе со години, да изборат место во ЛШ.

Дали МУ побргу ќе биде конкурент за титули? Веројатно... Но, до тогаш и двата клуба се борат за место во ЛШ. :)
 
Диого Џота (патем, не мислам дека е океј избор за Ливерпул, за разлика од претходните две засилувања. Го загуби/почна да го губи местото на сигурен стартер во Волвс) - 35 милиони

Костас Цимикас - 15 милиони

Тиаго - 30 милиони

Засега, 80-че коректно. Сигурен сум дека ќе купуваат и стопер замена за Ловрен.
Органски, повторно 100 +.

Manchester-United-v-Stoke-City-Premier-League.jpg
 
Ние бар сме свесни дека сега Милан не е топ клуб по квалитет, па не се лажеме самите себе, ниту другите, па да ни се смеат.

А амбициите се исти на двата клуба веќе со години, да изборат место во ЛШ.

Дали МУ побргу ќе биде конкурент за титули? Веројатно... Но, до тогаш и двата клуба се борат за место во ЛШ. :)

Сериозно мислиш дека во моментов Јунајтед и Милан се тука некаде по квалитет? Мислам, имајте малку смисла за реалност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom