Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Колку шо причитав по медиуми, Хамес преферирал во Атлетико да игра, ама можно е да е само патка, ќе видиме на крај.

Од другите вести во Мадрид, Гризман се појави на тренинг во Сан Рафаел, дошол прв на тренинг и тренирал сам.
Абе нема кој не сака во Атлетико.
 
Moze otkupna klauzula na rati da se plakja? :confused:
Може ако се договорат клубовите. Откупна клаузула теоретично значи, дека играчот сам си го откупува договорот и како слободен играч потпишува за друг клуб :D
 
Ноубади лајкс хим :D
Јас мислам на крај ако заврши Нејмар во Псж овој ќе оди кај нив како замена за ѓупчето:toe:
 
Не тропај за џабе, еден месец назад се знае дека Гризман ќе оди во Барселона.
За Нејмар шансите се 50-50, Гризман е сигурен.
 
Abe izvini druze, cel svet da ne ke go zemete? Nema sansi i Grizman i Nejmar da gi zemat.
Нема да го пуштат Нејмар од псж, не ми се верува да дозволат да се формира таков страшен напад, против кој ќе треба да се сретнат во ЛШ. А и Перез ќе полуди и ќе го понуди пола тим само тоа да не се случи :D
 
Не тропај за џабе, еден месец назад се знае дека Гризман ќе оди во Барселона.
За Нејмар шансите се 50-50, Гризман е сигурен.
Знајме дека е договорен уште пред неколку месеци не уште пред еден месец, ама ако пратиш во последно ситуацијата се искомплицира околу трансферот, вашите бараат на рати Атлетико не попушта, Нејмар исто сакаат да го земат а двата нема шанса, така да можно сценарио, ако не го донесат Гризман да си дојди Нејмар кај вас а Гризман во Псж, и волкот сит и овците на број :)[DOUBLEPOST=1562790455][/DOUBLEPOST]
Нема да го пуштат Нејмар од псж, не ми се верува да дозволат да се формира таков страшен напад, против кој ќе треба да се сретнат во ЛШ. А и Перез ќе полуди и ќе го понуди пола тим само тоа да не се случи :D
Настрана то, ама апсурд е да лупниш толкава пара на два играчи, за платите да не прајме муабет, тоа всушност е и поголемиот проблем, цело богататво ќе треба да се оддели за нив, 100 мил. годишно само нападот ќе ве кошта, знајме дека со плус ја завршивте прошлата сезона и тоа доста голем профит имавте ама сепак.
 
Abe izvini druze, cel svet da ne ke go zemete? Nema sansi i Grizman i Nejmar da gi zemat.
Извинето друже, се надевам и јас дека нема да ги земат двајцата (т.е. дека нема Нејмар да го земат).
Со Гризман е готова работата.
За Нејмар си кажаа и од ПСЖ дека сака да си оди и дека ќе го пуштат ако стигне задоволителна понуда.

Не дека е невозможно да го вратат циркузантот, но секако дека е комплицирано и тешко остварливо. Тоа најверојатно значи дека најмалку двајца од Кутињо, Дембеле, Ракитич и Умтити ќе бидат продадени.
Во пакет со Здравко Чолич. :*
 
Знајме дека е договорен уште пред неколку месеци не уште пред еден месец, ама ако пратиш во последно ситуацијата се искомплицира околу трансферот, вашите бараат на рати Атлетико не попушта, Нејмар исто сакаат да го земат а двата нема шанса, така да можно сценарио, ако не го донесат Гризман да си дојди Нејмар кај вас а Гризман во Псж, и волкот сит и овците на број :)[DOUBLEPOST=1562790455][/DOUBLEPOST]
Настрана то, ама апсурд е да лупниш толкава пара на два играчи, за платите да не прајме муабет, тоа всушност е и поголемиот проблем, цело богататво ќе треба да се оддели за нив, 100 мил. годишно само нападот ќе ве кошта, знајме дека со плус ја завршивте прошлата сезона и тоа доста голем профит имавте ама сепак.
Па не баш, има начин да се исконтролира. Во тој случај би го продале Дембеле на Баерн за 100 милиони, Кутињо и Ракитиќ би отишле во псж во склоп на трансферот. Ете ослободување од платите на тројцата. Згора на тоа, финансиски бум ќе е тоа за клубот, ќе крца Кампот, дресови, ова-она.
 
Frenkie De Jong (Barcelona): “I actually thought Arsenal was pretty beautiful in the past. In my mind, I have had the following list for a long time - Ajax, Arsenal, Barcelona. Call it the Marc Overmars route.” [Voetbal International]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom