Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Какви трансфери прават италијанскиве екипи, со исклучок на Јуве, и после се чудат зашто не можат да изборат ЛШ.
Што му фали на Азамоа? За нула евра доаѓа, и повеќе од добар трансфер е ова, а имај на ум дека Дамброзио и Сантон ни се опции на таа позиција. :) Башка Азамоа може да покрие повеќе позиции и да игра во различни системи, и во 3-5-2 и во 4-2-3-1 и во 4-3-3. Деновиве и Лаутаро Мартинез од Расинг ќе се официјализира, за Де Фрај веќе знаеме сите, така да тројца играчи во мај, not bad. :D Останува уште да го победат Лацио во недела и да биде топ работата. :D
 
A овој Далберт кој цело лето договаравте каде ќе игра? :D

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Што му фали на Азамоа? За нула евра доаѓа, и повеќе од добар трансфер е ова, а имај на ум дека Дамброзио и Сантон ни се опции на таа позиција. :) Башка Азамоа може да покрие повеќе позиции и да игра во различни системи, и во 3-5-2 и во 4-2-3-1 и во 4-3-3. Деновиве и Лаутаро Мартинез од Расинг ќе се официјализира, за Де Фрај веќе знаеме сите, така да тројца играчи во мај, not bad. :D Останува уште да го победат Лацио во недела и да биде топ работата. :D
Како бе брат што му фали? Што не му фали на момакот прашај ме. Што има врска ако е за без пари, као тоа го оправдува НЕквалитетот што го има играчот? Следна сезона пак ќе се кука како Интер немале бекови. Не научија да работат со клубовите и не научија, не можеш краткотрајно да гледаш на работите, следна сезона Интер пак ќе треба да купува лев бек. Азамоа Гијан ееејј, играчов исчезна од фудбалска мапа после промашениот пенал против Уругвај, ама секогаш тука се Интер и Милан да ти ја оживеат пропаднатата фудбалска кариера.
 
Брат си ги помешал играчите. Азамоа Гијан е шпиц има 32 години и игра во турција.
 
Хахаха скроз ги утнав, моментално си копам дупка за да се скријам за век и векова. :D
Нема везе у право си за друго се само играчот го утна. Ништо страшно. Асамоа овој од јуве што ќе иде во Интер е корисен играч за да го имаш од клупа. И на јуве им вршеше огромна работа. Само не е за прв избор. Ама како и да е моментално е многу подобар од сите леви бекови што ги има Интер. А за тоа дека си ги утнуваат трансферите и Милан и Интер во право си. Таман ќе се ослободат од некое ѓубре на тоа место ќе донесат друго ѓубре кое со години нема да можат се ослободат и после нема ЛШ епа нема...
 
Нема везе тоа, не може секогаш да имаат екипите врвни играчи на сите позиции, Милан со Калаѕе крпеше па ЛШ освајаше, не е тоа мерило. Поентата е дека се зима солиден играч за 0 евра, играч кој не се буни и да биде измена, така да по мене овој трансфер е сосема ок и немам ништо против. Ќе има тројца играчи на таа позиција, Дамброзио, Далберт и Азамоа, јас се надевам само последниве двајца ќе ротираат а Дамброзио дека ќе умре.

Јуве веќе години наназад за багатела зима многу играчи кои му вршат огромна работа, исклучок е само свињата Игуаин и уште 2-3ца, Бернардески, Пјаниќ и не знам уште некој можда беше. Кедира им е таков Азамоа тип на трансфер, Дани Алвеш исто, Барзаљи итн итн.

Еве конкретно Интер последново лето не фрли многу пари а доби ок засилувања кои завршија доста работа, пред се мислам на Шкринијар, Кансело, Рафиња (ок овој зимоска дојде), па и Валеро ќе го ставам овде пошо добро играше прва полусезона. Пример пред две години дадовме 70 милиони за Марио и Барбоса и двајцата дадоа нула голови и изиграа 20 минути се на се. :D Така да поентата е дека не е со во парите, битно е што и кој се пазари.
 
Последно уредено:
Како бе на анонимуси како овој Сончу може да им ставаат такви блесави суми, тоа е (наводно) пола трансфер буџет на Арсенал за летово.
 
Целосна промена на структурата кај Арсенал, штом работат на трансфери веќе. Ќе се носи тренер, не менаџер.
 
Целосна промена на структурата кај Арсенал, штом работат на трансфери веќе. Ќе се носи тренер, не менаџер.

Ова е факт кој што е познат веќе скоро месец дена.
Иначе отвори го линкот прочити убаво,сепак се чека и одлука за тренер.
 
Сунинг није шала прике мој. ;););) Товарете 100 000 на двојка у недела бабани. ;););)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom