- Член од
- 22 јули 2010
- Мислења
- 32.528
- Поени од реакции
- 81.967
Вакви ултиматуми обично упалуваат ако сме 30 август и ако има ценкање за 5-10 милиони фунти. Кај Кутињо ситуацијата на Ливерпул не му е до парите. Клоп малце ја заебава целава ситуација, скарани, нескарани, вака, онака, различно мислиме со управата... Имаш квалитетен играч, еден од ретките што играат за десетка по Суарез, нема што да се караш, не е Ливерпул во таква ситуација да си дозволи Клоп да си расипува односи со играчите, едноставно го врзуваш дома за радијатор и нема мрдање. Настрана што човеков е инат и би го заменил Кутињо со фудбал менаџер трансфер.
Јасно ми е дека нема да го продадат, исто ко што ми е јасно дека ова нема да им биде последна понуда на Барса, до крај на сезона ќе пробаат уште еднаш, колку и да поставуваат ултиматуми. Иначе, за Клоп, чекам да видам колку ќе биде принципиелен со Кутињо, ко што е со Сако и дали ќе го игра или ќе скрши кичма и ќе го убаци у прв тим по завршување на преоден рок.