Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Така е, дискутираме врз баша на шпекулации и логика. Од муабетите што кружат на интернет, можеме да заклучиме дека Нејмар сам си ја платил клаузулата (факт). Парите кои што ги добил за да си ја плати клаузулата се пари кои што ги добил од владата на Катар за да биде нивни амбасадор за СП 2022 во Катар (шпекулација). Е сеа, ако тоа погоре е факт дека Нејмар сам си ја отплатил клаузулата, можеме да заклучиме и дека шпекулацијата за која ги добил Нејмар парите е стварно така. Зашто иначе од кај му толку пари на Нејмар да си ја отплати клаузулата, сигурно не му паднале во џеб како што ти велиш. Тоа пробувам да ти го објаснам. Дека легално, ФИФА колку сака може да истражува, не можат никако да им наштетат на Катар, а уште помалце на ПСЖ. ПСЖ едноставно си купува слободен играч.

Само то тоа што основата на парите е шпекулација е доволна основа за истрага. Дали ќе се најде нешто тоа е друго прашање. УЕФА има ингеренции тоа да го истражи. Јас тврдам дека може да се дојде до конекција на ПСЖ и политички субјкети од Катар што е сосема доволно за прекршок и санкции ако имало заедничко делување или помагање од било каков тип.

Али како што реков, воља за тоа се нема. И затоа ситуацијата ќе се доведе до абсурд.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Колку сакаат они може да проверуваат, џабе е. Никако, ама баш никако не можат да ја поврзат ДИРЕКТНО владата на Катар со трансферот на Нејмар. Нејмар откупната клаузула сам си ја има платено, со сопствени пари, од сопствен џеб. Парите ги има добиено легално, преку договоро за соработка или давање на услуги, сеедно (за главен промотер за СП 2022 во Катар). Стварно не гледам како може да ги казнат Катар.

Ќе видиме дали УЕФА ќе мисли исто. Нели вакви финти не се дозволени по ффп.
 
Играчот да беше под договор, без клаузули и глупости па клубот кој сака да го купи мора да плати од свој џеб ќе разберев. Овака мора да легнат само пари на сметката на Барса колку што е клаузулута и да Нејмар стане слободен играч, фактички ПСЖ само плата што ќе му дава, клаузулата можам и ја да му ја платам или било кој друг како сакате Уефа да го спречи тоа.:ROFLMAO:
 
ФФП во овој момент не доаѓа во предвид. Финансиската складност со барањата и регулативите на УЕФА се евалуира екс пост во одредена временска рамка. ФФП не е наменет да делува про активно туку реактивно налик на регулатор.
 
Ченто батали правила и све на крај од УЕФА зависит како ќе се развиваат работите, дали ќе дозволи вакво нешто па ја отвара пандорина кутија или ќе постави граница. Како знае УЕФА преми држави да биде строга и силна? Па ај да видиме дали може и против мрсна (финансиски јака) држава како Катар.
 
Ќе видиме. Колку што знам онакви трикови како ПСЖ сега ги прави не се дозволени. А зошто да прават трикови ако би немале проблем со ффп?[DOUBLEPOST=1501783517][/DOUBLEPOST]

Всушност сите ние што купуваме бензин.
Каде пишува дека не се дозволени? Се што прави ПСЖ е легално. Па ќе напоменам не се криви псж што уефа не може да смисли ефективно ффп.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Ченто батали правила и све на крај од УЕФА зависит како ќе се развиваат работите, дали ќе дозволи вакво нешто па ја отвара пандорина кутија или ќе постави граница. Како знае УЕФА преми држави да биде строга и силна? Па ај да видиме дали може и против мрсна (финансиски јака) држава како Катар.
Што може УЕФА да им направи на Катар? Да ги суспендира од Европско?
 
Лошо гледате на целата ситуација. Сите знаат и очигледно е дека се ова се прави за да се заобиколат правилата. Ама, официјално се си е легално и не може ништо да се превземе околу тоа.
 
Лошо гледате на целата ситуација. Сите знаат и очигледно е дека се ова се прави за да се заобиколат правилата. Ама, официјално се си е легално и не може ништо да се превземе околу тоа.

УЕФА може ако сака, таа си функционира поинаку од држави. Затоа викам ќе видиме УЕФА што ќе прави и на крај и мислам дека големите клубови и нема да бидат толку нерадосни ако се санкционира ПСЖ.
 
УЕФА може ако сака, таа си функционира поинаку од држави. Затоа викам ќе видиме УЕФА што ќе прави и на крај и мислам дека големите клубови и нема да бидат толку нерадосни ако се санкционира ПСЖ.
И што ќе направи ако нема цврсти докази за да покрене постапка?

И дали мислиш дека само ова е обид за заобиколување на правилата? Се случува уште од кога се официјализираше тоа глупо правило.
 
И што ќе направи ако нема цврсти докази за да покрене постапка?

И дали мислиш дека само ова е обид за заобиколување на правилата? Се случува уште од кога се официјализираше тоа глупо правило.

Донев, не му дале 222м во куфери. Лесно е да се докаже од кај му се парите сигурно му ги префрлиле. Ако се сака се може.

Пишав ја - или УЕФА сега ќе стави граница или заборајте во иднина на досегашниот фудбал ама да не се чудиме ако луѓето пополека ќе го баталат. Изпаѓа УЕФА треба да одлучи во нејзин долгорочен интерес и чисто се сомневам дека вакви работи се во интерес на УЕФА.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom