Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
25 милиони фунти да го донесеш од Бенфика, после ПСЖ плаќаат 50 милиони фунти за да го купат и сега Челзи го откупуваат пак за околу 30-35 милиони фунти.

Преку 100 милиони фунти акумулирана сума за можеби единствениот дефанзивец моментално во фудбалов што не знае да брани :cuc:
 
Недисциплиниран играч ко Луиз и Конте не ми идат заедно во иста реченица.
 
Знам дека многумина немате позитивно мислење за Луиз како дефанзивец, и да, знае да направи глупост, да киксне. Ама Луиз во форма е одличен дефанзивец. Проблемот беше што знае лесно да изгуби концентрација. Ако Конте го стегне малце, ќе биде одлично засилување. Ептен се радувам што најверојатно ќе се врати. Фали неговиот карактер во клубот. Секако, не може да се заборави партијата во Минхен, каде што играше со повреда :love:
 
Колку трае неговата форма, три партии? :)

Свесни сте и вие за квалитетите негови, да не ве потсеќам што се постираше за тек и после СП во Бразил, фискалните на ПСЖ хехехе. Луиз е пеник бај, исто како Марсијал лани кај нас кога немаше кој напаѓач да го земеме. Плус премногу е агресивен, со новиве постегнати правила во ПЛ секој месец ќе лапа суспензија. Не знам, мое мислење е дека ова е лош дил за Челзи.
 
Ќе видиме. Ние (фановите на Челзи) бевме задоволни од него, и никој не сакаше да си оди, ама цената на трансферот ја ублажи ситуацијата. Можеби ние и сме заслепени поради пасијата со која играше за Челзи, и неговиот карактер, ама убеден сум дека ако го слуша Конте, ќе биде одлично засилување за одбраната. Ама ајде да видиме, јас сум пресреќен за трансферов :D

Уште Мата, Де Брујн и Лукаку :свиркам:
 
Луиз повеќе ми е за пред одбрана играч него ли за централен штопер пошто нема осет за одбрана. Знае да прави глупости и да го кошта тоа тимот голови. Смешно е како таков штопер со очајна одбрана успеа толкави трансфери да направи.
 
Кaкви прoсеци купувa Челзи, aкo зaвршaт тoп4 секoјa чест
 
Факт е дека е циркузант и дека не е константен,времето ќе покаже,ако влезе во добра форма и ако се концентрира повеќе на формата отколку на глупости правење ќе испадне добро за Челзи.
 
Луиз ќе има иста улога како Бонучи во Јуве. Ќе гази под Конте ќе видите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom