ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.866
- Поени од реакции
- 44.318
- Возраст
- 30
Прво, тоа што Алонсо и Алаба изиграле по 3 утакмици како стопери не ги прави стопери нели? Друго не знам што ти е поентата со хејтањето на Манчестер. Болдот е смешен реално, најкатастрофа тимот на Манчестер го исплеска многу јакиот Леверкузен во два наврата. Нели ти е доволно ако веќе споредуваме така? За првите 3 меча со Тотенхем игравме дома, Њукасл и Астон Вила сега се многу послаби екипи, за нив убаво имам пишано порано.Алонсо и Алаба не им беше прв пат што играат како стопери, али толку си и гледал па чудно ти е. Како можеше да не им е тешко на Челзи минатата сезона или на Сити сега кои се дури без примен гол? Помирете се еднаш веќе вие фанови на Јунајтед дека тимот ви е катастрофа затоа и ви изгледаат тешки сите натпревари. Стварно се правите слепи. Против Тотенхем, Њукасл и Астон Вила сте извадиле 7 бода, ова доволно кажува колку јаки противници имате бидејќи сте навистина слаби. Па сега замислете си колку послаби требало да бидат и Тотенхем и Њукасл. Стварно како да не ја гледате реалноста
При толку фрлени пари да се правдате дека ви се тешки натпреварите во ПЛ па поради тоа не ве бива во ЛШ е смешно. Се фалите од една страна дека многу земаат тимовите, а од друга страна велите тешко е, не може како Баерн да си дозволат да одмораат играчи, требаат 15-20 добри играчи за тоа. Како може Баерн да склопи добар тим со 20 играчи, да одмара играчи, да ротира, а се смеете зема помалку пари од последниот во ПЛ хехе. Стварно е смешно нели? Не ви се криви други дека не можете да склопите тим па во 5 за 12 дури тродупло ги преплатувате играчите.
И не мора сите до еден да рипате, океј е.

Исто не знам која ти е поентата да постот? Дали озбилно сакаш да кажеш на Баерн му е исто тешко во Бундесот како на било кој фаворит во Премиер лигата? Дали стварно сакаш да кажеш оти Баерн неможе да си дозволи да одмара играчи кога сака, да изгуби поени кога сака и да не го боли стапот? Јас кажав дека е една од причините, иначе реално и екипите од ПЛ изминатите 2-3 години имаа многу послаби екипи од периодот 2005-2009. Никој не го негира тоа. Ама дека неможат никако да запостават 3-4 утакмици во лигата за да си играат одморени ЛШ, неможат.
Муабетот за парите беше за ТВ права. Нормално дека Баерн има милион други извори на пари, не за џабе е во најбогатите 5 екипи на светот.