Кога ќе тргне лошо сите изгледаат дека се за никаде, кога тимот игра добро и тие што не се на премногу квалитетни изгледаат одлично.
Не им треба премногу на Баерн да се вратат на стариот пат, првин во Бундес. Уште се најмоќни во Германија, ќе успеат да присоберат нешто квалитетно и покрај конкуренцијата од надвор. А и добро заработуваат, па и покрај нивниот начин на работа, ќе имаат средства за да се засилат во наредните два-три преодни рока. Толку некаде би требало да им трае таа транзиција.
И сега има квалитетни фудбалери, кои се вон форма и жртви на ова што се случува овие две години во клубот.
Патем, за разлика од ПЛ, каде поради конкуренцијата, секој пад, лоши одлуки, можат многу да чинат и не само што е тешко да се задржиш на врв, туку воопшто и да примирисаш, во Германија е полесно, особено за Баерн.
Баерн нема да доживее судбина на Манчестер Јунајтед, Барселона, Челзи, Арсенал или сите големи италијански клубови. Не мислам само за домашно првенство, туку и за конкурентност во ЛШ. Тие варијации кај нив ќе се помали.