Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално дека медиумите за кликови ќе си пишуваат „шокантно, Клоп го превзема Барен/Барселона“ или било кој друг тим кој ќе врачи отказ на тренер. Премногу пари се во прашање за кои кур ги боли дали читателите ќе се сомневаат во изјавите или не
 
Мислам дека за Алонсо би било подобро да отиде во Баерн, отколку во Ливерпул.
 
Па и Баерн е предизвик моментално, потребна им е реконструкција ама некако ко да нејќат да си го признаат тоа.
Одбрана катастрофална, едино што вреди е Алфонсо. Ноер е веќе зрел за пензија кој заедно со Милер го држат у заробеништво цел клуб, никој ништо не смее да им рече а на терен ништо не доставуваат.
Средината им е за нигде, тој Кимих го фураат ко Лотар Матеус да е а ми личи на бајаги преценет играч. Мусиала е добар играч и толку.
Просечни крила и еден светска класа напаѓач со лузерска аура околу него кој годинава ќе пуни 31г.
 
Нормално дека ке има шпекулации за Клоп. Иста изјава имал дадено во Дортмунд, дека ке прави пауза, па неколку месеци потоа го превзеде Ливерпул.
 
Нормално дека ке има шпекулации за Клоп. Иста изјава имал дадено во Дортмунд, дека ке прави пауза, па неколку месеци потоа го превзеде Ливерпул.

Ливерпул е единствениот тим во свет што не се одбива
 
Па не е така, имаш еден куп други тимови. Реал, Барса, Баерн.

Ќе видиме дали ќе ги одбери или ќе направи година дена пауза и нема да го прекрши зборот. Т.Е. нема да го прекрши ќе одмара сигурно, али не е забрането да се клика на кликбејт наслови
 
Ќе видиме дали ќе ги одбери или ќе направи година дена пауза и нема да го прекрши зборот. Т.Е. нема да го прекрши ќе одмара сигурно, али не е забрането да се клика на кликбејт наслови
Се надевам нема да се осеќаш предаден и со скршено срце ако одлучи да стане тренер на друг клуб следна сезона. Мораш да бидеш јак ако одлучи да го прекрши ветениот збор. :(
 
Се надевам нема да се осеќаш предаден и со скршено срце ако одлучи да стане тренер на друг клуб следна сезона. Мораш да бидеш јак ако одлучи да го прекрши ветениот збор. :(

Ќе се чуеме на почеток на следна сезона. Дотогаш со секој клик на таков наслов придонесуваш со 0.1$ за авторот кој напишал дека Клоп е 90% менаџер на Баерн/Барса и останато
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Ќе видиме дали ќе ги одбери или ќе направи година дена пауза и нема да го прекрши зборот. Т.Е. нема да го прекрши ќе одмара сигурно, али не е забрането да се клика на кликбејт наслови

Не се разбравме, не имплицирам дека Клоп ке си го смени мислењето сега, и дека ке земе да води друг клуб до пред крајот на летото. Сакав да кажам, и Реал да му понудиле работа по Дортмунд, сигурно би прифатил.
 
Кога ќе тргне лошо сите изгледаат дека се за никаде, кога тимот игра добро и тие што не се на премногу квалитетни изгледаат одлично.

Не им треба премногу на Баерн да се вратат на стариот пат, првин во Бундес. Уште се најмоќни во Германија, ќе успеат да присоберат нешто квалитетно и покрај конкуренцијата од надвор. А и добро заработуваат, па и покрај нивниот начин на работа, ќе имаат средства за да се засилат во наредните два-три преодни рока. Толку некаде би требало да им трае таа транзиција.


И сега има квалитетни фудбалери, кои се вон форма и жртви на ова што се случува овие две години во клубот.


Патем, за разлика од ПЛ, каде поради конкуренцијата, секој пад, лоши одлуки, можат многу да чинат и не само што е тешко да се задржиш на врв, туку воопшто и да примирисаш, во Германија е полесно, особено за Баерн.


Баерн нема да доживее судбина на Манчестер Јунајтед, Барселона, Челзи, Арсенал или сите големи италијански клубови. Не мислам само за домашно првенство, туку и за конкурентност во ЛШ. Тие варијации кај нив ќе се помали.
 
Се мислам дека не е до тренерот во Баерн туку до одредена група на играчи. Не може бе 3 тренери да избркаш за краток период и баш тие тренери на истите играчи да сметале. Кимих, Милер, Ноер и уште неколку небитни ликови, истите ликови се кренаа против сите тренери во последните години. Ако толку се експерти нека земат они нека го менаџираат клубот. Што кур, ваљда исто како ФИФА менаџер е.

Сигурно се имаат поделено, табор на шваби и странци.
 
Конте и Баерн? Ако се случи ова, ке биде:

giphy.gif
 
Има да везе Баерн под Конте. Само имам чувство ке донесат некој млад неискусен тренер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom