ЧЕНТО
Претседник
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 8.239
- Поени од реакции
- 4.839
Не е ПСЖ единствен клуб што можи да понуди толку пари,има други арапски/кинески клубови со голема финансиска моќ што можат да си го дозволат Нејмар но ете ПСЖ сигурно има нешто повеќе од останатите што тие се решиле да дадат толкава сума на пари.
А тоа повеќе е самиот проект на клубот како прва сила на Франција и со можност да стани светски гигант...и да те потсетам дека фудбалот не се игра само од 2016/2017 сезоната каде изгубија 6-1 од Барселона и Монако зеде титула,претходно 4 години со ред беа шампиони и тоа со убедлива разлика пред вториот..Монако сеуште не се дораснати за ПСЖ.
ПСЖ ваков таков напредна многу како клуб откако го ангажираа Ибрахимович бидејќи до тој момент немаа титула земено 30 години мислам а после Ибра станаа шампиони 4 пати со ред и секоја сезона играа во нокаут фазата во ЛШ..што значи дека сепак стигнале некаде и кога се спомнуваше за евентуалните освојувачи на ЛШ секогаш се земаше и ПСЖ во предвид....тоа е огромен чекор напред за нивото кое беа пред Ибрахимович а верувам ќе достигни уште поголемо реноме со ангажирањето на Нејмар.
Ќе го прашав Верати ама за жал не се познаваме лично и да го прашам на твитер културно ќе ме изигнорира
Aбе и кај нас кога ќе се спомне претседател на држава го зимаат Хорхе у предвид али у реалноста никој не го врти два посто. Боље ич да не те зимаат у предвид ко Лестер пример а да си освоиш.
И Монпеље им зема титула.