Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Сезонава ако не се лажам лев бек играше само додека не си отиде Хекинг од Волфсбург, после сменија 10 тренери и у најголем дел од времето играше централен у одбрана со тројца. Веројатно и затоа му падна цената, плус имаше и повреди а Волфсбург се бореа за опстанок.
Во право си, стопер играше во одбранбена тројка.

Цената е таква каква што е најмногу заради Лешоски фризурата што ја држи, да не се лажеме.
 
А која е причината за толку ниска цена? И зошто не се залетаа уште сто клубови за таа цена?
Откупна клаузула од 22 мил која се активира од ова лето. Милан рано ги започна преговорите. Само од Шалке имал понуда, а Интер демек го имаше договорено уште во зимскиот преоден рок, ама ништо. :icon_mrgr:
За цената што ја платија имаа помош и од некој агент близок со Волфсбург.
 
Управата на МЈ не му го продолжи договорот на Ибра и тој од 1.07 е слободен агент, но ако рекуперацијата се одвива позитивно и резултира со позитивен исход, можно е да се приклучи на екипата како слободен играч од декември натака.

Според Onda Cero, Мората и Линделоф се нови играчи на екипата, првиот за 73 милиони евра, вториот за 35 + 5 со бонуси.
 
110 милиони евра за Мората и Линделоф. :pos::pos:

Челзи и Реал го расипуваат фудбалот. (y)
73+35 = 108 милиони + 5 бонуси = 113 милиони. Не е ни чудо што немаш забавиште завршено. ;):)
 
Бакајоко во Челзи за 35 милиони фунти.
 
Според Лекип, Баерн има договор со Толисо, останува уште со Лион да ја договорат сумата, 35 - 40 мил.евра. Спортбилд исто така потврдија дека преговараат двата клуба.
 
Според Лекип, Баерн има договор со Толисо, останува уште со Лион да ја договорат сумата, 35 - 40 мил.евра. Спортбилд исто така потврдија дека преговараат двата клуба.

Што ќе кажете за Форсберг?

Денес првата понуда на Милан од 18м е одбиена пошо барале 25.
 
Не е многу ни 25. Платете им одма.
Убедливо најдобриот асистент во Бундес
 
Што ќе кажете за Форсберг?

Денес првата понуда на Милан од 18м е одбиена пошо барале 25.

Пишав во вашиот фан клуб. За 25 ако успеете тогаш ок. Ќе ви биде од корист, но според мене не е некој посебен играч иако има толку многу асистенции. Зависен е и од останатите соиграчи многу. Лајпциг не сакаат да продадат ниту еден играч од стартните играчи што беа сезонава али играчот ако направи притисок за трансфер како што неговиот агент изминатите месеци изјавуваше дека Форсберг сака во поголем клуб да заигра. Брума е пред трансфер кај нив, а исто игра лево крило така да играчот и агентот ако направат притисок ќе го пуштат сигурно.
Нема ништо по германските медиуми за Милан и Форсберг така да почекајте.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom