Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Па и италијанец во Англија, само Зола има успеано од нив таму.

Ама интересна сторија за да ти го направи денот. Доaѓаш згрбавен од работа си викаш дај да видам може направиле некое интересно меркато кога гледаш го продале најдобриот играч за кило семки. Инстант шлог.
 
Ами новинарие може си се релевантни, може си доставиле Њукасл таква понуда, кој ги спречува? Башка не дека не може да испадне еве 50, дај 80, 65 пуштај рака-носи.
 
Италијанците одма демантираа бе, ниту Интер добил понуда, ниту Барела, ниту пак размислуваат за било каква продажба, тоа што Њукасл е заинтересиран за Барела е друга работа и тоа никој не може да им го одземе.
50 милиони е смешна понуда и тука знаеш дека информацијата нема благе везе со реалноста. Башка Интер летово не е ни толку многу загрозен да мора да продава, а и тоа што треба да се продаде ќе се извади од играчи како Кореа, Госенс, Дамфриз или Онана.
За последниов 70 бараат, Челзи се повлекле, најверојатно останува уште Манчестер како клуб заинтересиран за нов голман.

Интер и Челзи вчера имале прв состанок и тема на муабет биле само Лукаку и Кулибали, Интер ги бара на позајмица - Челзи сега за сега не ги дава. Двајцата нејќат у С.Арабија, Лукаку сака само у Интер а Кулибали да остане во Европа без разлика дали Челзи дали назад во Италија, мада не би имал проблем да дојде у Интер ако се договорат двата клуба. Не им е тоа дециден став и одговор на Челзи пошто ќе имаат уште некој состанок, Аусилио е сеуште во Лондон и покрај нив може да падне муабет за Ампаду, Лофтус Чик и Чалобах, како и Онана и Дамфриз.
 
Да ме прашаше некој пред една година, ке се кладев дека ке иде во Челси.

 
Да ме прашаше некој пред една година, ке се кладев дека ке иде во Челси.

Ни па Челзи е Челзи од пред година дена, за жал. Многу работи се променија, времето ќе каже дали за подобро или не, засега ќе бидеме нов Арсенал/Тотенхем со идиотиве американски.
 
Каков играч е Кореецов?

Италијан клаб фанс?
 
Цобито јебе не вади. Шета од тема у тема и коментира со висококвалитетна содржина.
 
Според The Times, односно Гери Џејкоб (океј новинар), Арсенал се откажале од Каиседо.
Арно ама, Јунајтед биле заинтересирани.

Во меѓувреме:



Доколку брзо им се разреши ова со продажбава, некако и верувам дека Јунајтед би ни го зел Каиседо пред нос.
 
Мислам дека е повеќе договор помеѓу Арсенал и Челзи, ние ќе се повлечеме од Каиседо, вие продајте ни го Хаверц, не е случајност, бар по мене.
Искрено, ова со Арсенал и Артета што притискаат за Хаверц, не знам дали е ароганција или глупоќа, ликот е 3 години во Англија и има цели 13 гола и 9 асистенции, ти сеа ќе си го „воскреснал“. Како и ние Аубемејанг што го воскренавме:sick:
 
Според The Times, односно Гери Џејкоб (океј новинар), Арсенал се откажале од Каиседо.
Арно ама, Јунајтед биле заинтересирани.

Во меѓувреме:



Доколку брзо им се разреши ова со продажбава, некако и верувам дека Јунајтед би ни го зел Каиседо пред нос.

Јес дека му е желба да игра во Јунајтед, ама мислам дека нашиве се неспособни за да го соберат пред нос. Прво да го комплетираат продавањето на клубот во брзо време, а потоа и да продадат играчи како Мегваер, Мектоминеј етц., затоа што од сумата што е издвоена за како трансфер буџет, приоритет се Маунт, напаѓач и голман.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom