Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не друго барем имаат најскап нерегистриран тим во светот.

Мислам дека огромно ќе биде задоволството кај цела фудбалска јавност ако исчезнат на неколку години овие, тешка шабанка испадна Барса.
 
Што е со Халер нели сега го зедоа?
Се повредил?
Горе долу Модест е солиден голгетер. Ќе има солиден број голови годинава. Се надевам само Халер брзо ќе се оправи голема штета испадна сега и за него и за клубот.
 
Како ќе го тужат Де Јонг не ми е јасно? Му понудиле нов побогат договор, и овој потпишал... Едино што можат да ги тужат е тие што го спремиле договорот и што правеле малверзации, играчот тука нема никаква вина. Очајни се Барса моментално :jajce:
 
Нека продадат уште 20% од тв правата за периодот 2030-35. Вакво аматерско раководење ретко може да се види. Најдобро ќе беше строго штедење и неколку години суша да имаат за да закрепнат. Вака тешко да се оправат и само малу фали да колабираат.
 
Вакви закани од типот "потпиши или ќе те тужиме" мислам дека ни во македонскиве фирмичиња веќе не проаѓаат.

Од сега, кога ќе ги потпишуваат играчите договориве нека им даваат и бланко лист да потпишат, за да не се наоѓаат во вакви непријатни ситуации во иднина, зашто нема ова да е последното.
 
Како ќе го тужат Де Јонг не ми е јасно? Му понудиле нов побогат договор, и овој потпишал... Едино што можат да ги тужат е тие што го спремиле договорот и што правеле малверзации, играчот тука нема никаква вина. Очајни се Барса моментално :jajce:

Има еден интересен момент. Барса и Манчестер на 14-ти Јули договорија трансфер сума. 24 часа подоцна, му го кажале ова погоре. Ја мислам дека Де Јонг со сета сила запнува да остане во Барса, а овие пробуваат да го продадат или да му намалат плата на секаков можен начин, па затоа и вакви методи.
 


Следно, ќе му киднапираат член од семејството и ќе му испраќаат по еден негов прст од раце на куќна адреса.

Ваков чергарлук не е виден.


Повеќе овој фазон:

Polish_20220808_132310877.jpg



Да, добро забележавте иначе. Paint is my passion.
 
Манчестер фанс ќе се потсмеваат на Интер и Барса или ќе постираат нешто и за нивниот клуб?
Ок Ред Џон и Видук, јас ќе го направам тоа за вас...




:ROFLMAO:

Кваљарела и Петања се истотака достапни за таа цена ако случајно Синиша не му даде на Арнаутовиќ да си оди.
Ако сакате ќе пишеме петиција до Глејзери да ви фрлат нешто дупки да затворите пред да ви ги снема клубовите.
Ако не гледајте си ги тие герас цунев лигите сиротињи фудбалски.
 
@ob1 друже, ти дефинитивно не ја читаш темава или ептен не ги сакаш Каталонциве :ROFLMAO:... и двете работи што ги постираше сабајлево ги има на претходната страна.
 
Ако сакате ќе пишеме петиција до Глејзери да ви фрлат нешто дупки да затворите пред да ви ги снема клубовите.
Ако не гледајте си ги тие герас цунев лигите сиротињи фудбалски.

Не мора, фала. Нека чуваат пари за Рабио, Арнаутовиќ, Петања и евентуално Бало Туре.
Овој Манчестер ниту во таа герас цунев лига нема да заврши топ 4. :tvg:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom