Еве уште еден од навалата на young gunZ...
Ајде вака еве ти споредба на нив двајцата.
Агеро 19 години... позиција: напаѓач
Меси 20 години... позиција: среден ред, втор напаѓач.
Моментална листа на стрелци:
Меси
6
Агеро
5
Агеро го сруши рекордот на Диего Марадона, тој го имаше своето деби во првата Аргентинска лига на САМО 15 ГОДИНИ!
Игра за репрезентацијата на Аргентина под 20 години, успеа да му ја донесе титулата. Постигна 6 гола еден повеќе од Меси(кој предходната година настапуваше на истиот турнир). Ја доби наградата за најдобар стрелец Златна копачка и за најдобар играч во светот под 20 години... Златна топка. Дебитираше и за првата репрезентација на Аргентина со само 17 години на натпреварот против Бразил.
Во 2006 година го забележаа големите клубови. Реал, Виљареал, Атлетико, Севиља, Милан, Интер, Јувентус, Челзи, Манчестер, Арсенал беа само дел од клубовите кои испратиа официјани понуди. Но највеќе ризикуваше Атлетико кој даде дури 20 милиони евра за овој талент. Сепак оваа година се покажува дека не згрешиле. Моментално Агеро е 2 стрелец во Шпанија и игра се подобро и подобро. Јувентус во него го гледа наследникот на Дел Пјеро и се спрема да го донесе во зимскиот преоден рок во Торино.
Ова се само дел од неговите рекорди.
На 31 настап за тимот на Атлетико има постигнато 11 гола. Пет од нив во последните 7 натпревари. За младинската репрезентација на Аргентина на 12 натпревари има постигнато 10 гола.
Па сеа види ти кој е кој...