TheTrooper
Психијатриски случај
- Член од
- 27 април 2009
- Мислења
- 6.833
- Поени од реакции
- 6.392
Еве една тема за најјаката лига која се играла на овие простори.На нејзе може да се дискутира за играчи кои биле великани,да се дискутира за улогата на екипите за кои навиваме тогаш(па макар и биле во 3-4 лига би сакал да слушнам повеќе за историјата на тие клубови),табели од сезони во Југославија,обиди за враќање на оваа лига и сл. Во своето време ова е една од најјаките лиги во светото тогаш заедно со бразилската,англиската,германската,шпанската,СССР,француска и италијанска лига.Лига во која играле многу големи имиња на европскиот и светски фудбал,време кога на овие простори имавме и клубови кои беа гиганти во светот.Тогаш беа други времиња,фудбалот не беше толку искормерцијализиран,тогаш Југославија и инфраструктурно и финаниски беше конкурентна со остатокот од светот,имаше поголем пазар,фудбалерите не смееа да отидат во странство до 28 години и сл.
Прво се има играно во Кралството СХС од 1923 до 1940 година.Тоа е период кога со фудбал озбилно се занимаваат само неколку клубови.Повеќето од нив и згаснуваат после втората светска војна.Најуспешни се БСК Белград(5 титули) и Граѓански од Загреб(5 титули).После нив следуваат Хајдук(2 титули),Југославија Белград(2) и Конкордија Загреб(2).Тие доминираат во лигата во тоа време.Има и уште неколку клубови од Сараево кои имаат некоја улога(Славија и САШК Сараево).Углавном фудбалот се сведува на клубови од Сплит,Белград,Загреб и Сараево.
Најдобрите години на фудбалот тука се од 1945 до 1991 година.Тогаш се издвојуваат неколку великани како што се Динамо Загреб(4 пати првак),Хајдук Сплит(7 пати),Црвена Звезда(19) и Партизан(11).Тие ја сочинуваат големата четворка и се најуспешни клубови.Покрај нив во БиХ која често дава најмногу прволигаши има неколку јаки клубови како Сарајево,Жељезничар,Вележ,Борац.......Во Македонија најуспешен и најпознат е Вардар.За жал Македонија ретко кога имала повеќе од 1 прволигаш,понекогаш и немала кога Вардар испаѓал.