Фудбалот во Југославија

  • Креатор на темата Креатор на темата TheTrooper
  • Време на започнување Време на започнување

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Еве една тема за најјаката лига која се играла на овие простори.На нејзе може да се дискутира за играчи кои биле великани,да се дискутира за улогата на екипите за кои навиваме тогаш(па макар и биле во 3-4 лига би сакал да слушнам повеќе за историјата на тие клубови),табели од сезони во Југославија,обиди за враќање на оваа лига и сл. Во своето време ова е една од најјаките лиги во светото тогаш заедно со бразилската,англиската,германската,шпанската,СССР,француска и италијанска лига.Лига во која играле многу големи имиња на европскиот и светски фудбал,време кога на овие простори имавме и клубови кои беа гиганти во светот.Тогаш беа други времиња,фудбалот не беше толку искормерцијализиран,тогаш Југославија и инфраструктурно и финаниски беше конкурентна со остатокот од светот,имаше поголем пазар,фудбалерите не смееа да отидат во странство до 28 години и сл.

Прво се има играно во Кралството СХС од 1923 до 1940 година.Тоа е период кога со фудбал озбилно се занимаваат само неколку клубови.Повеќето од нив и згаснуваат после втората светска војна.Најуспешни се БСК Белград(5 титули) и Граѓански од Загреб(5 титули).После нив следуваат Хајдук(2 титули),Југославија Белград(2) и Конкордија Загреб(2).Тие доминираат во лигата во тоа време.Има и уште неколку клубови од Сараево кои имаат некоја улога(Славија и САШК Сараево).Углавном фудбалот се сведува на клубови од Сплит,Белград,Загреб и Сараево.

Најдобрите години на фудбалот тука се од 1945 до 1991 година.Тогаш се издвојуваат неколку великани како што се Динамо Загреб(4 пати првак),Хајдук Сплит(7 пати),Црвена Звезда(19) и Партизан(11).Тие ја сочинуваат големата четворка и се најуспешни клубови.Покрај нив во БиХ која често дава најмногу прволигаши има неколку јаки клубови како Сарајево,Жељезничар,Вележ,Борац.......Во Македонија најуспешен и најпознат е Вардар.За жал Македонија ретко кога имала повеќе од 1 прволигаш,понекогаш и немала кога Вардар испаѓал.
 
Да дозволеа фраерите од УЕФА пак да се направи Регионална лига,можеби немаше да биде волку волку јака како во времето на Југославија но сигурно дека фудбалот ќе тргнеше напред,ама ај да не тропам ја офтопик.Добра тема иначе...
 
Еве ја првата сезона изиграна

1945 година е одржано тогаш првото повоено првенство.Тогаш учествуваат екипите на Србија,ЈНА ,Хрватска,БиХ,Војводина,Црна Гора,Словенија и Македонија.

Четвртфинале

Србија - Црна Гора 2-1
Хрватска - Босна и Херцеговина 6-1
Војводина - Македонија 3-1
ЈНА - Словенија 8-2

Полуфинале

Србија - Хрватска 3-1
ЈНА - Војводина 4-3

Финале
Србија - ЈНА 1-0

За трето место
Хрватска - Војводина 3-1

Листа на стрелци
Стјепан Бобек 14 гола (ЈНА)
Ивица Рајс 3 (ХРВ)
2 гола - Јован Језеркиќ, Рајко Митиќ (Србија) Звонимир Цимерманчиќ,Антон Голоб (Хрватска), Силвестер Шереш, Стеван Каранфиловиќ (Војводина)

За Македонија настапиле
Рустенов,Богојевски,Видовиќ,Мартиновски,Петровски,Давидовски,Јаневски,Адамовски,Атанацковиќ,Балевски,Геров , Тренер Илеш Шпиц
 
Мислам дека и Вардар има една титула во оваа лига,со кратење на бодови ова она и некако Вардар бил прв ако не се лажам но баш на википедија барав и Вардар никаде не пишуваше дека освоил,а сигурен сум дека има освоено.
Да постоеше сеуште оваа лига сега може ќе преовеличам ама ќе беше една од најдобрите во европа и ќе беше доста возбудливо и со самата таа лига фудбалот кај нас би се подобрил многу..На времето само Вардар Пелистер и Победа играле во оваа лига од кој само Вардар бил константен а другиве кога како играле..Кај се сега тие 3 клуба?? Вардар го вратија од мртвите а Пелистер и Победа отидоа јабана..
 
Вака ќе постирам од време на време по некој извештај за сезоните од 50 и некоја година.За до таму само ги имам.Има и од регионални,општински лиги од најнизок до највисок ранг.Табели,листа на стрелци,играчи,баражи,понекогаш и резултати од поединачни утакмици......Имам и за предвоена Југославија(23-40) табели и резултати по утакмица.
--- надополнето: Oct 4, 2011 9:29 PM ---
Мислам дека и Вардар има една титула во оваа лига,со кратење на бодови ова она и некако Вардар бил прв ако не се лажам но баш на википедија барав и Вардар никаде не пишуваше дека освоил,а сигурен сум дека има освоено.
Да постоеше сеуште оваа лига сега може ќе преовеличам ама ќе беше една од најдобрите во европа и ќе беше доста возбудливо и со самата таа лига фудбалот кај нас би се подобрил многу..На времето само Вардар Пелистер и Победа играле во оваа лига од кој само Вардар бил константен а другиве кога како играле..Кај се сега тие 3 клуба?? Вардар го вратија од мртвите а Пелистер и Победа отидоа јабана..
Имаше местења или не знам точно што,но федерацијата службено ја додели титулата на Вардар кој бил 4то место.После тоа Партизан се жали и на суд ја добива титулата назад.
 
Убава тема, браво ! Бар за нас што сакаме да ја спомнуваме историјата :P:D Добро е за темава да се погледне филмот „Монтевидео Бог те видео“ каде се опишува и животниот стил на фудбалерите и нивните плати пред втора светска војна. Конкретно не видов горе(можеби има а сум пропуштил), би сакал за „мојов тим“ да кажам дека е наследник на тој ФК Југославија кој бил укинат од страна на режимот по 1945. Инаку една од многу битните работи зошто југословенската лига била далеку поквалитетна е поради фактот дека ни еден фудбалер не смеел да ја напушти неговата лига до 24 години, а и се имало пари да ги плаќаат :)

Да не го заборавиме најголемиот успех на Југословенскиот клубски фудбал :)
 
Стварно одличен филм е "Монтевидео Бог те видео",кој го занима фудбалот и историјата нека го гледа обавезно.
Иначе во тоа време мислам до 28 години не смееле,не само до 24 да излезат надвор.
Црвена Звезда направи одличен успех таа година.Иначе југословенските екипи играле често и финалиња,полуфиниалиња,а и освојувале европски купови,денес ЛШ и ЛЕ.Денес клуб од овие простори не смее ни да помисли на такво нешто.Стигна време кога ни првак на Србија не може да дојде ни до ЛЕ само да се пласира,па макар била и топовско месо таму.........
Каков пад е тоа на клубско ниво на еден од најголемите расадници на таленти во светот...................

Е сега ни југолигата не била совршена има и потемни страни.Треба и тоа да се спомне.На пример се зае тогаш хиерархија Звезда,Партизан и Хајдук имаат најмногу помош од судии и лоби во федерацијата.Динамо е нешто послаб од нив бидејќи перцепцијата на тој клуб е какако усташки клуб,а покасно станува и бастион на хрватството во Југославија.Остантите клубови правеле успех само ако некој се смилува од горе да ги пушти.Често се местат утакмици,судии судат за тие повисоко во рангот,трансфери на играчи понекогаш принудно се прават во поголемите клубови и сл.Имаше мислам една одлучувачка утакмица каде на Хајдук му е пуштена победа да стане шампион пред Вележ,а на Вележ за компензација им е пуштен купот или нешто слично.
Не е дека цело време се местело или нешто,но не била ни тогаш најчиста лигата..............
 
За годините си у право печатна грешка е тоа :) Да имало фаворизирани ама ми се свиѓа што скоро секоја екипа има нешто освоено, па мака куп Маршала(мислам така се викаше, или Титов куп) А и нешто што највеќе ме радува се ПОЛНИ СТАДИОНИ, абе снимка не сум погледнал каде стадионите не се полни, и тоа време кога повеќето стадиони немале столици...
 
оваа тема во историја треба да влезе,не во фудбал !
Во право си, нема допирна точка со фудбалот :) Не сфаќам коа се тревожите вака : „Шо бара темава овде?“ и слично, ко толку да ти смета, јас не ни гледам во кој подфорум се наоѓа искрено било која тема
 
оваа тема во историја треба да влезе,не во фудбал !
2 причини за ваков пост

1) против се си што било во Југославија и тежок антијугословен,па ова ти е начин да тролаш.......... Југа е мртва,не ни треба назад,но барем спортот во нејзе бил врвен и не гледам зашто некој не би дискутирал за тоа,особено ако се знае дека има овде многу фанови на клобви од бишва југа.Плус ова е дел од фудбалската историја на Македонија.Реков кој сака нека постира за својот локален клуб што бил и како бил во тоа време.Не мора да бил во прва лига како Тетекс,Пелистер или Љуботен и нисколигашите се интересни.............
2) глупост............. мислам што ќе бара тема која збори за историјата на фудбалот и за фудбалот општо на овие простори тука.....Мислам дека и место да се дискутира кај темите за Александар,втора светска војна,Рим и сл.........:tapp:
 
бившата Југословенска лига може да се спомнува и како бившиот Куп на Купови - завршена приказна...........главна причина заради која лигата била јака е забраната за играчи под 27 години да ја напуштат државата и да играат за странски клуб така да целиот квалитет си се задржа и се формираа навистина јаки клубови.........на темава викнете го Џаро да ви каже што не се случувало со местенки и тракатанци,како Германија со телевизори купувала натпревари итн итн
 
Втората сезона на првенството се игра после играни републички квалификации.Секоја земја дава свој претставник во првата лига.Лигата трае од 25 август 1946 до 12 Јули 1947 година.

Со декрет директно се пласирани Партизан од Белград како представник на ЈНА и Кварнер од Ријека како дел од територијата на Истра.

Како прваци од републичките квалификации (да не го тупам со сите резултати и табели играни во тие квалификации бидејќи е огромен материјал само за Македонија ќе објавам малце покасно) од :
Србија е Црвена Звезда од Белград
Хрватска - Хајдук Сплит
БиХ - Жељезничар Сарајево
Словенија - Нафта од Лендава
Црна Гора - Будуќност од тогаш Титоград,денес Подгорица
Војводина - Спартак од Суботица

Како второпласирани :
Динамо Загреб - Хрватска
Железничар од Ниш (покасно го менува името во 14 Октобар) - Србија

Како победник до додатни квлификации :
Металац (Белград) - третопласиран во Србија,победник од квалификациите што ги играле вторите од Македонија,Словенија,Војводина,Црна Гора,Босна и Херцеговина и третиот од Хрватска

Додатно додадени :
Локомотива Загреб - финалист од додатните квалификации и третопласиран во Хрватска
Понзаниа од Трст како представник на слободната територија на Трст

Квалификациите во Македонија :

Прво се игра во неколку групи
А група од Скопје
Б група од Скопје
Скопски округ
Битолски округ
за на крај најдобрите од овие групи да отидат во една група од Македонија во која Победа од Скопје завршува прва.
За се немам целосни податоци.

Во А групата од Скопје
1 - Македонија 8 бодови
2 - Победа 4
3 - Работнички 4
4 - Единство 3
5 - Шар,Тетово 1

Група Б
1 - Пролетер 4 бодови
2 - Љуботен,Тетово 2
3 - Индустријалец,Ханриево 0

Пролетер и Работнички играат бараж,Работнички победува и оди понатаму.Вкупен резултат 6-1 за Работнички.

Битолски округ
Немам целосни податоци,само се знае дека Гоце Делчев од Прилеп и Пелистер од Битола одат понатаму како први две екипи од овој округ.

Од Скопскиот округ понатаму иде Куманово.

Првенството на Македонија завршува во јули 1946 година

1 - Победа,Скопје ---------- 17 бодови, гол разлика 34-8
2 - Македонија,Скопје ------ 16 бодови, гол разлика 33-10
3 - Пелистер, Битола ------ 8 бодови, 11-11 гол разлика
4 - Работнички,Скопје------ 7 бодови, 18-19 гол разлика
5 - ФК Куманово------------- 6 бодови, 12-22 гол разлика
6 - Гоце Делчев,Прилеп--- 6 бодови 11-29 гол разлика

Победа иде во првата сојузна лига,Македонија игра квалификации и не успева.
Победа носи 2 бода,нерешно 1 бод.....рачунајте кој колку имал победи и порази.Секој одиграл 10 утакмици,по 2 со секого.

Сојузни квалификации за влез во лигата :
Сите натпревари се играат во летото 1946 година.

21.07 Ниш : Ловќен (Цетиње) - Македонија (Скопје) 3-0
21.07 Сисак : Борац (Бања Лука) - Железничар,Марибор 2-0

28.07 Цетиње : Ловќен (Цетиње) - Борац (Бања Лука) 5-1
28.07 Нови Сад : Слога (Нови Сад) - Металац (Белград) 0-2
04.08 Боња Лука : Борац - Ловќен 1-5
04.08 Белград : Металац - Слога 1-1

11.08 Цетиње : Ловќен - Металац 0-2
15.08 Белград : Металац - Ловќен 6-3

18.08 Загреб : Локомотива (Загреб) - Металац 0-2
22.08 Белград : Металац - Локомотива 2-0

Во следниот дел е пишувам за текот на првата сојузна лига.............
 
Може постов не е за овде ама тојота прави нов модел на автомобил и ќе се вика ''Пиксис'' во чест на Драган Стојковиќ Пикси кој многу доприонсел во подобрувањето на фудбалот во Јапан..

и ај да го израдуваме РедСтарФан со песната отишо си драгане(и голот на пикси) :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom