Фудбалери Кајганџии! Season 12/13 [Пријавување: Играме 8х8 на поголем терен!]

  • Креатор на темата Креатор на темата Cyber Knight
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Брат,сега може ќе е интересно ама све понатака ќе е све полошо.Ќе почнат расправии од типот:‘‘Виде каква топка дадов,а да бе ти даде јас дадов!‘‘.Плус според асистенции и голови неможеш да процениш играч! :)

Досега не сме имале никаква расправија во ниеден случај и чим може во хокеј може и тука. Едино некој ако свесно лаже ама не верувам дека воошто некој и ќе помисли на такво нешто :),

Мене ми е интересно да има и најдобар асистент исто како и најдобра одбрана на месецот, само ќе ги стимулираме играчите да дадат максимум :).
 
за таа ок али за првата незнам шо да праиме за асистенциите аку му текиња на некој нека пише за 14 гола :icon_lol:
 
Џеко 3 асистенции за другите кој ги дал нека се јави, секој најдобро сам да си пише :) .
 
Првата утакмица јас имав 3 асистенции, 2 на Сајбер и една на Урбан, а последнава една асистенција на Џеко. Сакате и видео од јутуб или немора ? :)
 
Нареднава недела кои 2 екипи играат?
 
Епа подобро нека има статистика само за асистенции, а награда за најбоље асистент во лига - гајба пиво. :)

Така сите нема да себичат :)
Така ќе подаваат сите, никој нема да сака гол да даде :)
 
Не знам што толку му обрнувате внимание на тоа?
На првата утакмица имав 2 гола 3 асистенции,сега 4 гола 2 асистенции,реално за мене не е битно кој додал или дал гол се додека тимот победува.
Не ја сваќам поентата,да речеме дека е крај на КАЈГАНА ЛИГАВА,и бегам 1-2 гола на некој од стрелците,па да почнам да себичам(и тогаш нема ама ајде).
Значи работа на напаѓачот е да постигнува голови,ако немаш малце дрскост во себе и не исебичиш некаде не си напаѓач реално.
Роналдо да не беше таков немаше да биде денес она што е.
Не може да очекуваме Kaiser кај зелените да биде прв стрелец кога е одбранбен играч.
Премногу се замарате со небитни работи,на крај краишта не ми ги запишувајте головите ако сакате,ПАК СУМ НАЈЈАК!:D:icon_lol:
Ај кулирајте малце!:love:
 
Па ако е така како што викате, ај и табела да не правиме. Овие статистики се прават за сите да играат по мотивирано. Головите ако се само, ке испадне дека секој ке себичи, а со асистенциите и учествата во акциите се добива до знаење дека нема да се себичи. Јас на пример многу сум по горд кога ке асистирам за гол, отколку кога ке дадам. Кога веке се бројат и стрелци, асистенциите не се некој поголем проблем. Само да се има некаков увид во тоа кој колку допринесол за постигнатите голови.(За одбраната не коментирам пошо се знае кој се највеке заслужни за "малкуте примени голови").

Се е ставено, само за со повеке мотив да се игра.
 
Јас нема да играм недела,имам некои неодложиви обврски!Па кој сака нека игра наместо мене!! :(
 
Дечки немам баш некои поволни вести. Повредата која ја влечев подолго време испадна посериозна отколку што мислев, па дури и тие 50 мин. неделно кои ги играв со вас изгледале многу. Оттаму јас го откажувам моето учество на неопределено време (мин. 2-3 месеци). Редовно ќе ја следам темава и кога ќе можам ќе ве посетувам. Очекувам црвените да продолжат со победите и ако играат тимски сигурен сум дека нема да го осетат моето отсуство.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom