Фудбалери Кајганџии! Season 12/13 [Пријавување: Играме 8х8 на поголем терен!]

  • Креатор на темата Креатор на темата Cyber Knight
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
браво момци добра партија малце напнато али нема везе, малце заебано не фативте на кондиција на крај и дефинитивно е бољи да се игра со по 1 до 2 замени зошто се игра со брзо темпо. Како и да е добра утакмица
--- надополнето: Nov 4, 2011 12:48 AM ---
Кикснавме со старните 4:0 и дечкото што заеба за утакмицава, уште не проверив кој е. Предност имаа што беа повеке и имаа повеке кондиција, одмараа сите. После 4:0 бркавме постојано и трошевме двојно повеке енергија и стигнавме до 4:4. После одевме едно време гол за гол се додека не поведоа 9:6, на крај уште еден дадовме и заврши 9:7. Браво дечки, добри бевте. :)
видов назад дека сајбер рече дека нема да може ке гледал да дојде али нели требаше некој вамос да дојде плус колку што разбрав за да бидеме пак по 7 али тоа е нема везе
 
Kaко тргнавме со 4-0 помислив дека дебакл не им бега,али ете се затворивме превише не притиснаја и не стигнаја..после се вративме на старо и успеавме вака така да дадеме 5 гола...:icon_lol:
 
Честитки за црвените, супер играа. Честитки и за Ghost, кој и покрај киксовите на плавата екипа одлично го бранеше голот :)
Supervisor треба да научи малку самоконтрола, да прифати критика и да се извини ако направил грешка... А не да се вади дека „идел на топка“ :)

Гледам погоре дека се извинил, така да, океј е.

А сега сериозно... Сакате ли да се префрлиме во некоја од саливе? Ем е потопло, ем цената мислам дека нема да варира.
Бубрезиве ми беа поладни од коцка мраз кога се вратив дома...
 
Дечки, колку што разбрав, не знам дали е точно ова, во четврток во Форца салата ќе иделе Џибони и Влатко Стефаноски. Па ако сакате пред утакмица можеме да појдиме да го проследиме концертот и од тука на фудбалче.:)
Кој е за?

Едит, заборавив да напоменам, влезот е слободен и ова почнува од 20:00 часот.

Ауфф која мамка беше ова :) 2 и пол саати стоев на концертот и после ај играј со проширени вени :) Мала шала, супер си поминав со Ghost-от и лепо друштво. Еве ти едно поздравче од мене. (y)

За утакмицата што да кажам, мило ми е што повторно ја вратив насмевката на лицата на црвените :pos: Се играше пожустро од било кога, падна и по некоја полесна повреда, али добро е што 99% од дуелите беа во жарот на играта.
Иначе поведовме 4-0 па 4-4, 5-4 за црвените, 5-5 и после црвената фурија распали за конечни 9-6

Поздрав до сите црвени:

п.с. И за крај не берете гајле, Кифла си ги одмазди јајцата, му нанесе повреда на мојот највреден asset :)
 
Кажете сеа кој се пријави, а не дојде - од кај плавите... Да му стегнеме едно банче до следниот натпревар :D
 
Честитки на сите за играта тепавме црвените АМА :D...

Плавите играа без двајца многу добри стандардни Инзаги и Сајбер и мислам многу се осети така да ова не е вистинската сила на плавата екипа, да не се занесуваме дека сме толку добри, не сме :). Со нив двајца ќе беше поразлично што не значи дека нема пак да тепаме или е победата незаслужена ама треба да се знае како факт. Сепак и ние игравме без неколку стандардни ама ми се чини имаме поголем фонд на играчи кое се веќе колку толку уиграни :).

Кифла ко секогаш одличен другите нема да ги спомнувам посебно, Ханибал се снајде во екипата ама му треба уште уигрување :). Милион зицери промашивме значи нападот треба да се подобри. Одбраната на почеток многу солидна до 4:0 и тогаш настапи пад на концентрација и примивме неколку пацерски голчиња за 4:4, тоа друг пат не смее да се дозволи.

Се на се доста солидна утакмица и честитки за двете екипи (y).

Инаку ќе спомнам неколку забелешки:

Плавите еден ги извиси и они треба да видат кој ама малку тапо испадна, нормално дека треба да се биде фер и да се дојде чим си се пријавил :).

Супервајзер реагираше малку погрубо во една ситуација Урбан исто грубо врати на крај само вербално (не дека не беше во право) но дечки мора ФЕР да играме значи груба игра, тепачки и викање НЕМА :). Знам дека попуштаат нерви ама мора сите да се контролираме. Убаво што Супервајзер се извини и мислам сите ќе пазиме да играме најфер што може :).

Јас пак викав од надвор и иако знам деко повремено им помагам на црвените приметив дека на некои или на сите плави им одам на нерви (многу нормално и јас би се нервирал) така да од сега ќе ќутам мислам на толку мал простор стварно е пофино да биде мир :). Ете и од мене извинување ако малку сум створил нервоза :).

На крај фалеа пари или за капар или за играње, некој не оставил а тоа не е ФЕР. Кој не дал треба да каже дека нема. Вака Супервајзер даде 250 или 300 ден од негов џеб да покрие дупка :).

Кифла се повреди а и јас пак нека да играм (барем уште 2 недели) така да треба да бараме еден голман за следна утакмица, подобро да не го ризикуваме Кифла да се повреди на подолг рок. Ханибал понуди негов голман за следната така да на вас останува дали ќе земете или не и нормално на Кифла иако мислам е паметно да мирува и да ми прави друштво од трибини ;).

Тоа е тоа, се гледаме следната утакмица а еднаш и на пиво да се собереме (y).
 
значи може да мењам аватар а :) доста од овој гејов :D
честито победа и јас ваљда доаѓам следен пат
 
Ејсид ниеден терен во сала не може да замени вештачка трева :) Точно е дека во Форца знае да биде топло-ладно, ние повеќето по мечот оставивме капар за да го задржиме терминов пошто има и гратис играње не оставаат и на крај повеќе и по откажување на фиксниот термин ги враќаат парите/ Како и да е сеедно е кој остави кој не сите се добредојдени да играат, ама ако мнозинство одлучите да се игра во сала океј.

Инаку со лед сум моментално одамна ваква повреда не сум заработил прстов ако не го средам следен пат црвените ќе имаат мака да затворат средина :icon_mrgr:
 
А сега сериозно... Сакате ли да се префрлиме во некоја од саливе? Ем е потопло, ем цената мислам дека нема да варира.
Бубрезиве ми беа поладни од коцка мраз кога се вратив дома...

Стварно е кочан внатре и јас сум пак за сала ама оставивме капар и сеа ако прекинеме отиде.

Значи или да го жртвуваме капарот (900 ден оставивме) и одма да идеме у сала од следен пат или да доиграме уште неколку да го вратиме.

Сите изјаснете се, јас би играл во сала на топло некаде центар на сите да ни е еднакво блиску :).
 
Потапа утакмица немам изиграно до сега со вас. Толку бев изнервиран што бев крајно деконцентриран и неколку голови примив ради тоа.
На крај осетив тапа болка во кичмава, тоа ми е стара "повреда" и ќе видам како ќе се одвива деновиве. Пред една година ради тоа не играв фудбал три месеци. Се надевам нема да ми се врати таа болка.:(
Иначе честито победа, си заслуживте, скоро секогаш правевте човек повеќе во напад и трчавте. Ханибал ме наполни поштено.:)
 
Одбраната на почеток многу солидна до 4:0 и тогаш настапи пад на концентрација и примивме неколку пацерски голчиња за 4:4, тоа друг пат не смее да се дозволи.
.
Па не би рекол дека беа пацерски :icon_mrgr:
 
Чекајте бе прво нека каже зошто не дошол дечкото од плавите, не го напаѓајте одма, има работи што ненадејно се случуваат.
 
Стварно е кочан внатре и јас сум пак за сала ама оставивме капар и сеа ако прекинеме отиде.

Значи или да го жртвуваме капарот (900 ден оставивме) и одма да идеме у сала од следен пат или да доиграме уште неколку да го вратиме.

Сите изјаснете се, јас би играл во сала на топло некаде центар на сите да ни е еднакво блиску :).

Не се секирај не пропаѓа може да го земеме кога ќе сакаме да престанеме одма. Иако во сала е малку полошо и за повреди, ваква трева како во Форца е феноменална за мал фудбал ама групно одлучуваме такада тоа е тоа, што е до мене јас повеќе би играл на трева само што некогаш е топло некад топло-ладно али па пак им се полни термините.
 
Потапа утакмица немам изиграно до сега со вас. Толку бев изнервиран што бев крајно деконцентриран и неколку голови примив ради тоа.
На крај осетив тапа болка во кичмава, тоа ми е стара "повреда" и ќе видам како ќе се одвива деновиве. Пред една година ради тоа не играв фудбал три месеци. Се надевам нема да ми се врати таа болка.:(
Иначе честито победа, си заслуживте, скоро секогаш правевте човек повеќе во напад и трчавте. Ханибал ме наполни поштено.:)

Теши се и ние бевме изнервирани кога стана 4:4 од 4:0 а плус Кифла исто се повреди и мислам и забот го зезна, двајцата ко кркавте овој пат ама одлични сте, сосема е друго со вас на гол (y).
--- надополнето: Nov 4, 2011 1:20 AM ---
Не се секирај не пропаѓа може да го земеме кога ќе сакаме да престанеме одма. Иако во сала е малку полошо и за повреди, ваква трева како во Форца е феноменална за мал фудбал ама групно одлучуваме такада тоа е тоа, што е до мене јас повеќе би играл на трева само што некогаш е топло некад топло-ладно али па пак им се полни термините.

Моментално двајца од кај плавите ми имаат кажано дека преферираат сала во пофин термин и најмалку еден од кај нас не доаѓа ради терминот, и јас би бил за сала иако ми е Форца поблиску (ради терминот) а гледам и Ацид.

Ајде сите изјаснете се каде има затоплени сали и дали би преферирале топла сала во пофин термин или сепак Форца?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom