Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.098
- Поени од реакции
- 62.294
Мислам дека фали една општа тема на која ќе можеме да споделиме свои гледишта за фудбалот, кои е малку тешко да се сместат во насочени теми како Премиер лига или некој фан клуб.
Еве што може и не може на темава:
Може да се споделуваат и дискутираат:
✅ Мислења генерално за фудбалот како игра.
✅ Мислења за фудбалери и екипи, сегашни и од минатото
✅ Заборавени асови
✅ Видеа од натпревари, видео компилации од играчи
✅ Споредба на играчи
✅ Споредба на формации
✅ Фудбалски тренери и оние кои мислат дека се тоа
✅ Стадиони, нови и стари
✅ Женски фудбал (@Scirea имаш задача еднаш неделно)
Ако нешто пропуштив, пишете во коментари, ќе додадеме.
Што не може:
❌ Мерења чив клуб е поголем - имаме фан клубови за тоа, и теми за првенства.
❌ Хајлајтси и дискусии за штотуку завршени натпревари - имаме фан клубови за тоа, и теми за првенства.
❌ Навивачки групи - има цел подфорум за тоа.
❌ Се друго што не може на други подфоруми, не може ни овде.
Да помрчам малку, да не биде воведов голи инструкции:
Во последно време ми се одмилува фудбалот. Се трудам некако да најдам мотивација да гледам. Во суштина ми здосади build-up играта што ја играат скоро сите. Секое село почна да ја практикува. Неодамна гледав некои кратки видеа од тренинг на U10 екипи. Ги учат децата да играат исто, една и иста игра. Најважна е прецизноста на пасот. Креативност не е потребна, често се сече и во корен, се е подредено на прецизни пасови и шеми како да се стигне брзо до последна третина. Минимум 10 минути од 90 треба да ги гледам голманите како си подаваат со бековите. Идејата беше да се возбудам кога е топката пред противничкиот гол и да се потресувам кога противникот го напаѓа нашиот гол, а не да се тресам дали ќе му рипне на голманот преку нога или ќе му ја пресече најблискиот противнички играч.
Како резултат на сето ова, секој натпревар ми изгледа како предходниот и некако ми станува напорно да го гледам сето тоа. Дали сум единствен што го чувствува ова или не има повеќе?

Последно уредено: