Ja ke ja dovrsam recenicata:
Za razlika od porano koga samo mazite mozea, poubavo bese i imase postabilni brakovi?
Не ме сфаќај погрешно, не сум поборник на тоа да ја искасапам жената затоа што ручекот е загорен, секое насилство(освен во самодбрана) го осудувам. Ќе го земам примерот на дедо ми од страната на мајка ми. Цел живот го поминал со други жени, кафани, коцки додека баба ми му ги чувала трите деца. Немало физичко насилство затоа што сепак и покрај пороците бил добар човек, помагал премногу на другите освен себеси. Од страната на татко ми пак(влашка фамилија) дедо ми како и најголемиот дел од Власите во тоа време сеуште живееле патријахално, па и и до пред неколку години до кога беа живи. Начинот на кои баба живеела со дедо, денеска 99% проценти од овие бракови нема да издржат ни при најмал проблем. И покрај се живееле подобар живот од денешните но тука морам да кажам дека и денешните мажи не се исти како нивните предци, двајцата дедовци со минимални можности направиле многу повеќе од што ќе направат нивните внуци со еден куп можности и тоа е факт. Многу е тешко да се створи еднаквост не само во брак туку во било каква заедница, група, пар. Човекот сеуште не го напуштил животинскиот инстикт на надмоќ, напротив се повеќе го има во себе, секогаш во било што некој сака да преовладува и денеска во последните 15 години тоа е жената. Јас едвај познавам пар/брак во кој мажот го има клучниот збор во бракот како што било тоа до некоја 2000 година, е сега зависи до жената со таа надмоќ кои одстапки ги прави, тука исто влијае домашното воспитување, од изневерување до нехигиена. Не бранам никого, ти кажав дека јас сум за единство и баланс, во кои сепак мажот ќе го има последниот збор а жената ќе му биде поддршка во тоа, зошто еден без друг не можат, сметам дека бракот е компромис и разговор, делење совети еден на друг и дека надмоќ не е потребен но за жал не функционира така човекот во ниедна сфера во опшеството. И светот не го сака тоа, факт е дека целата политика се води од крајност до крајност, сакаш тоа да е прашање за малцинства, сексуалан определба, родава еднаквост, ако некогаш жените биле обесправени(а биле) во многу блиска иднина тоа ќе бидат мажите, а за жал ќе биде во многу полоша форма.