Фризер/Бербер

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе 3-4 години одам во исто фризерско студио, и машки и женски средуваат. За 150 денари, и миење и одлично стрижење, берберот е најпрофесионален во градот во работата и баш си ја врши како што треба. Немам баш забелешки, се додека не му ја пренесе работата некој млад волонтер ќе одам кај него, засега сум задоволен. :)
 
Од бербер у моево досегашно искуство ич не сум задоволен, гледа само да те скрати набрзина и тоа е тоа. Додека пак на фризер ми е многу појако, појќе внимание ти посветуаа, те прашуаат за секоја ситница како сакаш да ти биде на косата и слично.
 
Зоки бед хед кај Палма Аеродром. Со години се шишам таму, одличен е.
 
Кундо К. Вода со години. Бренд е тоа :D
Супер си шиша човекот.
Муабет можеш да си направиш и да се изнасмееш. Па поготово кога ќе улета некој маалски „ѕвер“ на гости внатре и кога ќе почне искуства да кажува...Сакал или нејќел, мора да учествуваш и да се надоврзеш.
Мене ми е многу топ таму. На машко и не му треба којзнае каков фризер. За кратка фризура секој знае да шиша, 21ви век е, освен ако не се шишате во Стајковци па да останете без уши како еден познаник:pos:
Стилисти и фризери што шишаат по 2 саати се само за жени! :icon_lol:
А башка ми се повраќа од закажувања. Вака си одам кога сакам и ме шиша кога сакам.
 
Веќе 3-4 години одам во исто фризерско студио, и машки и женски средуваат. За 150 денари, и миење и одлично стрижење, берберот е најпрофесионален во градот во работата и баш си ја врши како што треба. Немам баш забелешки, се додека не му ја пренесе работата некој млад волонтер ќе одам кај него, засега сум задоволен. :)
Кај тоа? :D
 
Дечки кажете добар бербер, фризер/фризерка за машко шишање во Дебар Маало, Карпош што не зема повеќе од 200 денари :)
 
Дали може некој да ми препорача добар фризер во Струмица. Живеам во Валандово па струмица ми е најблиско. Некој добар кој може да ми погоди овие модерните машки фризури.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom