Малкуми е чудно никој не го претставил до сега моментално најдобриот сајт во светот за фриленсер работа 99Design.com Не се мачето со страни како freelancer.com и Donanza.com затоа што таму од Индијците и пакистанците нема никогаш да добиете работа.Предноста на 99design e што само треба да се регистрирате и пота можете слободно да учествувате на кој било од 1000 активни огласи поделени во 12 категории.Тука секој може да понуди свој дизајн затоа што огласите се од отворен тип а не како на донанца.ком каде што се бира 1 дизајнер за најниска цена.Има за секого по нешто моментално има 714 активни огласи за изработка на логоа,133 за изработка на веб страни итн.На оваа страна сум активен веќе 1 година и сум презадоволен од условите што се нудат.До сега сум сретнал само 1-2 македонци и не знам зошто ги нема многу повеќе,можеби овој пост ќе придонесе да се намножиме

).За се што не ви е јасно за оваа страница слободно можете да ме прашате и ќе ви објаснам.