Фригидност - недоживеан оргазам кај жените

Фригидноста психијатрите ја сметаат за невроза што настанува преку потсвесните психички конфликти на неморалните сексуални желби и семејните, воспитните, моралните фактори што се јавуваат како спречувачки. Таквиот потсвесен конфликт обично се јавува во детството, но е упорен и динамичен во текот на целиот живот.

lФригидноста настанува и поради дејствување на потсвесните љубовни конфликти, кога жената на својата љубов што ја чувствува кон мажот и ја спротивставува некоја друга љубов (пример љубовта кон таткото - Едипов комплекс).

lФригидноста кај некои жени создава потсвесна желба да се осветат на своите мајки за сите неправди и страдања претрпени поради татковата бруталност. Овие жени спрема мажите имаат агресивен став.

lФригидноста се јавува и кај емотивно незрелите жени што имаат положба на зависно дете. Нивната сексуална зрелост ги вовлекува во сексуални односи, но поради својата психичка незрелост (инфатилност), не можат да доживеат оргазам.



"ЛАЖНА" ФРИГИДНОСТ

Причините за ваквата фригидност се кај мажот, кој заради сопствената недоволна упатеност за сексуалните желби и потреби на својата партнерка не знае дека треба да покаже големо трпение додека жената не се научи и прилагоди на нормалното сексуално уживање. Би било добро мажот да ја познава и техниката на водењето на половиот однос, зашто во спротивно ако е збунет, неспретен и срамежлив, може да влијае жената да не постигне оргазам.

ЗНАЧЕЊЕТО НА ФРИГИДНОСТА

Фригидната жена чувствува дека е намалена нејзината женственост и привлечност, па се разочарува, а сопствениот живот го смета за промашен. Фригидноста полесно ја поднесуваат жените што се занимаваат со некаква интелектуална или физичка работа. Оние што не се ангажирани со некоја активност, стануваат вознемирени и пречувствителни.

За своето полово незадоволство жената најчесто го обвинува мажот. За него мисли дека е неспретен, дека полово не и одговара. Така жената отфрлајќи ги моралните правила на однесување, а во надеж дека со друг партнер ќе доживее сексуално задоволство, прави вонбрачни излети. Може да биде и обратно. Маж што претходно повеќепати се обидувал да ја задоволи жената и во тоа не успевал, се откажува од понатамошните обиди и наоѓа друга жена.

Браковите на фригиднате жени се загрозени не само поради своето полово незадоволство, туку и поради тоа што овие жени во брачните односи се однесуваат како ладни, нечувствителни и себични личности. Често знаат да одбијат мајчинство, но и други обврски.

Фригидноста е многукратно условена и од таму лекувањето е тешко и сложено. Симптомите може да се ублажат ако на жената и се помогне да проникне во свесните и потсвесните причини на фригидноста. Во многу случаи таа може да се надмине со волја, но и со техника примената во самиот полов однос. Би било добро жената да ја користи својата фантазија. Добро е мажот и жената да се наведат на заемно разбирање на сопствените емотивни ставови, на запознавање со своите ерогени зони и на дополнување на сопствената сексуална култура.
 
Не дека сум нешто многу компетентна, ама мислам дека недоживеан оргазам не е фригидност.Фригидните жени немаат никаква желба за сексуален однос, не се возбудуваат сексуално и не чувствуваат никакво задоволство за време на сексот.Многу жени имаат релативно нормален сексуален живот,уживаат во сексот па не можат да доживеат оргазам,мислам дека тоа се вика аноргазмиа.Ова конкретно за насловот се однесува,таму се изедначени овие два поими.
 
Хмм...интересно. Не бев слушнал за вакво нешто инаку ме интересира колку оргазми може да доживее жената. Мажот може само 1 (ако не се лажам)..оној класичниот :)
 
neka e ova uteha za onie koi se "frigidni"...naletav na devojka so takov problem i nekoi propratni ljubovni problemi -neuspesi so vrski-pogresni tipovi i slicno[FONT=%value]....posle mesec ipol istrazuvanje vo krevet i se razbira strplivost-devojceto se opusti...e posle ;) kolku se mozese -do sabajle..pred rabota...sum kasnel-koj gi vrti (imas osmeh na licu) ..znaci se otvori kompletnooo i veke nemase problem (licno mislam deka e do psihata)... ne gi odbivajte -probajte pomognete-ke se vrati mnogukratno[/FONT]
 
....не постои жена што неможе да постигне оргазам....(се разбира доколку нема некои сериозни здравствени проблеми...или не живее на Блискиот Исток или делови на Африка каде на девојчињата им се отсекува клиторисот (покрај физичка доживуваат и психичка траума)...со цел да не уживаат во сексот и да не вршат прељуба...туку да служат само за раѓање и задоволување на сопругот)

....се што е потребно...е да бидете опуштени во присуство на парнерот и да имате доверба....останатото доаѓа само по себе....доколку се почитувате и имате разбирање...сите проблеми се надминуваат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom