Stefanos_M
Moscow_Boy
- Член од
- 23 април 2006
- Мислења
- 563
- Поени од реакции
- 0
The Real Highlander напиша:Долго време пред филозовски, на ѕид стоеше испишано:
ГОСПОД Е МРТОВ
-НИЧЕ
По извесно време, некој допишал:
НИЧЕ Е МРТОВ
-ГОСПОД
Инаку филозофијата на Ниче ја прифатил и спроведувал Хитлер. Го сметаат за еден од најголемите Антихристи што биле родени некогаш.
Ако скаш да бидеш сигурен дека засекогаш си го победил непријателот -НАПРАВИ ГО ТВОЈ ПРИЈАТЕЛ!
Конфучие
Ниче не е филозоф во обична смисла на зборот и не оставил систематски преглед на своите гледишта. Можеби би можеле да го опишеме како аристократски хуманист во буквална смисла на зборот. Тој, пред се, се обидел да ја унапреди надмоќта на човекот кој е најдобар- односно најздрав и најсилен по карактерот. Тоа донесува со себе одречно нагласување на жилавоста во противставувањето на неволата, што донекаде ви спротивност со усвоените етички правила, иако не е неизбежно во актуелната практика. Концентрирајки се на тие црти надвор од контекстот, многумина виделе во Ниче пророк на политичка тиранија на нашево време. Можеби тие тирани донекаде се инспирирале од Ниче , но неумесно е да го прогласиме за одговорен за злоделата на луѓето кои, во најдобар случај, површно го разбрале бидејки Ниче огорчено би се протиставил на политичките збиднувања во својата земја ако доживеел да биде нивни сведок