Фридом хаус: Македонија делумно слободна земја

  • Креатор на темата Креатор на темата Bora Bora
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Македонија е делумно слободна земја, оценува американската организација „Фридом хаус“ која врши мониторинг на политичките и граѓански слободи во светот.
Во нејзиниот извештај за 2010-та Македонија доби оценка 3 на скалата меѓу 1 и 7. Во него стои дека државата спровела демократски претседателски и локални избори и ги имплементирала реформите кои и беа препорачани по изборите во 2008 година.
Одреден напредок има и во кандидатскиот статус за членство во Европската Унија, но се нотира и главната пречка за напредокот - проблемот со името на државата.
Што се однесува до Балканот, на Македонија друштво во делумно слободните држави и прават - Косово, Албанија и БиХ.
Во регионот слободни се: Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Романија, Словенија и Унгарија. Генерално според извештајот, слободата во светот во изминатата година опаднала поради зголемената моќ на авторитарните режими и недоволниот отпор на светските демократии.
Меѓу репресивни режими во извештајот се издвојуваат Кина и Русија, заедно со Венецуела, Бурма, Гвинеја, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Судан, Тибет, Туркменистан и Узбекистан.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=132992#komentari
 
Еба ти фридом хаус, може слободно во гз да си го напикаат извештајот... Македонија со Косово, а Русија со Сомалија во иста група. :tapp:
 
Да ти се намочам на тие западни вредности според кои светот го мерат.
 
Ниеден граѓанин нема никакви права и слободи. Сите се шпиунирани и пратени, секој има досие од по неколку стотици страни во МВР.
За слобода на избори , па , да не прајме муабет ! Ако некој не гласа за Груевски, дома му следва јамка и го бесат во Криволак. Досега илјадници ги има снајдено иста судбина !
Кога е во прашање слобода на медиуми, тука нема ни трошка сомнеж дека НИКОЈ и НИШТО не смее да напиши или да објави против власта. Во спротивно, се испраќа на Голи Оток ( според тајниот договор потпишан меѓу Р.М. и Р.Х. на 17 март 2007 инициран токму од Груевски !!). Досега секој новинар што ја оцрнил власта на било каков начин мистериозно исчезнал !
Диктатурата шо се случва кај нас не можи да се спореди ни со онаа во Северна Кореа ! Дури Ким Јонг-ил е помилозлив од Груевски !! Народе свести се !!!!!!!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom