Дами и господа, особена чест ми претставува можноста да ја исправам форумската неправда и игнорантност кон балканскиот рап и да ви го претставам најдобриот рапер на Балканот, маестро Френки. Барем според мене, ма да ако мене ме прашате тој е еден од подобрите рапери и пошироко.
Доколку би ги читале рецензиите за албумите на Френки а го немате слушано, последно што ќе ви падне на памет е фактот дека се работи за рапер. Неговите текстови се споредуваат со тие на RATM, Азра па дури и со тие на Салман Рушди.
Аднан Хамидовиќ, попознат како Френки е роден на 31. Мај, 1982. година, факт што мене лично посебно ми ласка и оди во прилог на тоа дека близнаците се едни од покреативните и поинтелигентните знаци во зодијакот. Роден е во Бјелина и таму живее се до 1992. година кога поради ситуацијата во БиХ се преселува со неговото семејство во Нирнберг, Германија. Таму прв пат се среќава со хип-хоп културата како начин на живот, а почнува скромно и срамежливо како графити уметник. Неговите први рап-текстови се на германски јазик, а јас во меѓувреме ќе се обидам да ги најдам и дополнително да ги постирам. По завршувањето на војната, се враќа во Босна, овојпат во Тузла каде продолжува како еден од првите графити-уметници во земјата разрушена од братоубиствената војна.
По основањето и пуштањето во етер на емисијата FMJAM на радио Камелеон, се запознава со DJ Емир и DJ Ерол кои ја водат веќеспоменатата емисија и со нивна помош ги прави првите демо снимки. Тогаш е член на групата Прљави Анџели заедно со Кома и Мира, а потоа групава станува дел од Дисциплинска комисија формирана 1999. година која во составот покрај претходноспоментатите три рапери, се приклучуваат Едо Маајка и Хамза. Сите петорица се емсија, а DJ им е Емир од FMJAM. Во меѓувреме Едо се враќа во Загреб каде снима две песни и склучува договор со издавачката куќа Менарт и после неговиот прв албум "Слушај матер" се стекнува со огромна популарност кога и добива бројни понуди за настапи и концерти ширум државите од поранешна Југославија. Тука му се приклучува Френки, како back up MC.
И ова е пресудниот момент во кариерата на дотогаш анонимниот Френки, бидејќи публиката го прифаќа и запаметува, а и како не би кога дечкото поседува брзина, жестока енергичност и невиден flow. Според мене, најдобар flow на Балканот, дефинитивно. Продолжува со работа во Дисциплинска комисија,, паралелно ги снима и првите самостојни материјали, а следува и гостување на албумот Де факто на полуларниот Марчело во песната Creme de la creme заедно со Едо Маајка и албумот Но сикирики на Едо Маајка во песната Не-мо-жеш.
Неговиот прв соло албум Одличан ЦД го издава во 2005. година а негови гости се Едо Маајка, Хамаз, Марчело и Флипстар.
Позади него има 5 албуми:
1.Odlican CD - 2005;
2.Dosta - 2006;
3.Povratak cigana - 2007;
4.Pokreni se - 2008;
5.Troyanac - 2013.
За неговиот прв албум ја има добиена наградата Златна кугла како најдобар нов изведувач, за песната Hajmo ih rusit ја добива наградата Даворин. Оваа година ја доби наградата MTV Best adria act, кога доби најголем број на гласови во последните 6 недели од страна на фановите, при он-лајн гласање на
http://adria.mtvema.com/artists/frenkie/s4fyfx.
Еве нешто колку да ви го претставам Френки и нешто што мене ми е меѓу омилените негови песни:
Има ли меѓу вас форумџии некој кој го слуша Френки?