Фрази за фаќање девојќи(читај шамар).

  • Креатор на темата Креатор на темата BooBojan
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е интересно. Онака да ми пријде некој со интересен рендом факт, би ме заинтересирал.
Другиве се глупи до Марс и назад, не знам дали воопшто може да упали кај некој.

Замисли таа фора се спомна на една собиранка од форумов пред 2 лета и сите се согласија дека е добра. :)
 
1. Веруваш ли во љубов на прв поглед или да поминам повторно?
2. Имав навистина лош ден, но секогаш ме расположува насмевката на убава девојка. Сакаш ли да се насмееш?“
3. Освен што си убава, што друго правиш во животот?
4. Ќе поразговараме или само ќе се посматраме од далеку?
5. Изгледа сум го изгубил својот телефонски број, може ли наместо него да го добијам твојот?

Пет губитнички начини за да и се пуштите:

1. Земаш коцка лед и ја кршиш од земја пред девојката па велиш: “Сега кога го пробив мразот, можеме да поразговараме!“
2. Се чини дека нема да одиш во рајот, сигурно е грев да изгледаш толку добро!
3. Да не те уапсија пред малку? Сигурно е илегално да се изгледа така добро!
4. Сум го заборавил чувството за љубов, ќе ми помогнеш да го вратам?
5. Имаш ли некаква географска карта? Изгледа секогаш се губам во твоите очи!
 
Еден совет од мојата пријателка докторка, за нејзиниот 15 годишен пациент кој и се доверил дека сака да почне со стероиди и сл. за да фати женска.

Разговорот одел приближно вака:

Др. - што ќе ти е тоа ѓубре?
П. - за да бидем посилен и поголем!
Др. - Имаш време, ќе пораснеш. Зашто веќе сега мора да бидеш толку голем и силен?
П. - Бидејќи девојката што ми се бендисува ми вика дека сум слабак!
Др. - Добро, значи девојката ја импресионира физичката сила кај машките?
П. - Да, баш така. Затоа сакам да ја импресионирам.
Др. - Тогаш скрши и рака!

Значи дечки, за девојките кои се палат на мускули, еве ви совет како да ги импресионирате!

--- надополнето ---

Еве уше една мирудија од Бато:

- Здраво, кога влегувам во некоја дискотека имам само едно правило. Секогаш и приоѓам на најубавата девојка во целото диско.... .... Ја гледаш девојкана која стои таму? Сакав да и пријдам ама се срамам па сакав малце да се загреам зборејќи со тебе!

Која е предноста на оваа финта?

Првин девојкава ќе помисли дека си уште еден кој дошол да ја опсипува со комплименти и готови текстови, но брзо потоа ќе ја зезнеш со втората реченица и ќе и покажеш дека се разликуваш од останатите и плус дека имаш смисол за хумор!

Девојките обожаваат машки со хумор и верувај на финтава ќе почнат хистерично да се смеат и првиот впечаток за тебе ќе биде топ!

Останува само да ја испробате!

Можете да си ја прилагодите на секоја ситуација, ко на пример во трговски центар:

„Здраво... слушај, ја гледаш девојкана што стои таму? Многу е убава и сакав да и пријдам ама имам трема, па помислив да се загреам преку муабет со тебе.. Се викам Борче..“
 
Обично секогаш се случува да прочитате совет или пак фраза која ќе ви служи како да пристапите на некога девојка.
Некои од тие фрази успеваат, повеќето не... но што понатаму?

Еве членот над мене (Bratot) ви укажа еден поуникатен начин на додворување. Но откако ќе го примените се запрашувате што понатаму?
...

Бидете свои! Тоа е нештото кое се бара.
Ако сте срамежливи, бидете... со тек на настаните ќе се опуштите и ќе видите дека “не боли“
Ако сте хумористични... секогаш ќе успеете да го задржите вниманието на некоја девојка.

Е сеа, факт е дека ако сте искочени во клуб, на таа бука тешко ќе можете да се разберете... но тоа е веќе друга прича.
Гестовите кои ги правите, начинот на кои се движите, накартко говорот на телото е многу битен.
Ако сте здрвени нема да оставите баш добар впечаток. Затоа само опуштено, бидете свои... секој го сака тоа.



ps. Советот не е за “мангупчињата“ со сељачко воспитание. (Не дека ќе заработите шамар плус, ама ај...)
 
Пробајте со „Да си страна би те лајкнал“ или пак „Totalno si moderna“.
 
Тајната на успехот е: "За пеефче ке го земеш ли?" :pos: ..... Абе какви фрази , само осмех на лице и ламбурџини ревентон.
 
1.Да те честам сок или да ти ги дадам парите?

мене некое машко вакво прашајне да ми постави... би му ја треснала една, така што некоја недела сигурно нема да се освести!
 
Бидете свои! Тоа е нештото кое се бара.
Ако сте срамежливи, бидете... со тек на настаните ќе се опуштите и ќе видите дека “не боли“

Па незнам баш ако бидете срамежливи дали ќе се напали девојката...
 
Па незнам баш ако бидете срамежливи дали ќе се напали девојката...

:pos:
А ти и се упуцаваш со цел да ја напалиш?

Има секакви девојки... секои имаат различен фетиш. Можеби некои и на срам се палат :pos:
 
1.Да те честам сок или да ти ги дадам парите?

мене некое машко вакво прашајне да ми постави... би му ја треснала една, така што некоја недела сигурно нема да се освести!

Цигаретко ја ногу љубам агресивни девојки знаиш ли ти то
 
:pos:
А ти и се упуцаваш со цел да ја напалиш?

Има секакви девојки... секои имаат различен фетиш. Можеби некои и на срам се палат :pos:

хаха е тука си у право може да се најде некоја ама ретко сакав да кажам... може некоја ако и скурчило од дечките со самодоверба
 
Цигарче, а ти на што пагаш најмногу ? Некако многу тешко ми изгледаш :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom