Еден совет од мојата пријателка докторка, за нејзиниот 15 годишен пациент кој и се доверил дека сака да почне со стероиди и сл. за да фати женска.
Разговорот одел приближно вака:
Др. - што ќе ти е тоа ѓубре?
П. - за да бидем посилен и поголем!
Др. - Имаш време, ќе пораснеш. Зашто веќе сега мора да бидеш толку голем и силен?
П. - Бидејќи девојката што ми се бендисува ми вика дека сум слабак!
Др. - Добро, значи девојката ја импресионира физичката сила кај машките?
П. - Да, баш така. Затоа сакам да ја импресионирам.
Др. - Тогаш скрши и рака!
Значи дечки, за девојките кои се палат на мускули, еве ви совет како да ги импресионирате!
--- надополнето ---
Еве уше една мирудија од Бато:
- Здраво, кога влегувам во некоја дискотека имам само едно правило. Секогаш и приоѓам на најубавата девојка во целото диско.... .... Ја гледаш девојкана која стои таму? Сакав да и пријдам ама се срамам па сакав малце да се загреам зборејќи со тебе!
Која е предноста на оваа финта?
Првин девојкава ќе помисли дека си уште еден кој дошол да ја опсипува со комплименти и готови текстови, но брзо потоа ќе ја зезнеш со втората реченица и ќе и покажеш дека се разликуваш од останатите и плус дека имаш смисол за хумор!
Девојките обожаваат машки со хумор и верувај на финтава ќе почнат хистерично да се смеат и првиот впечаток за тебе ќе биде топ!
Останува само да ја испробате!
Можете да си ја прилагодите на секоја ситуација, ко на пример во трговски центар:
„Здраво... слушај, ја гледаш девојкана што стои таму? Многу е убава и сакав да и пријдам ама имам трема, па помислив да се загреам преку муабет со тебе.. Се викам Борче..“