Не ги обвинувам децата.
Мали се, не знаат што прават. Не им фаќа црпката
(не дека јас сум нешто поголема)
Во денешно време, „кул“ е да излезеш гола на телевизија. Малите деца учат од филмските ѕвезди и познатите фаци. Именувајте ми една славна личност која не објавила „разголени“ фотографии. Сите го прават тоа! Дали за пари, дали украдени фотографии, видеа...
Децата, чиишто идоли им се таквите „ѕвезди“ мислат дека тоа е добро и дека ќе станат послични на своите идоли имитирајќи ги. Ниедно дете неможе да остане исто откако некој му е идол. Ќе почне да го имитира. Кое и да е дете, кога видело како игра Мајкл Џексон, му се допаднало, почнало да му се восхитува на дотичниот, станува и пробува да ги иземитира неговите движења. Токму тоа и го прават овие деца.
Гледаат, Ријана се сликала топлес за на насловна страна на People па „Ајде и јас да се сликам така, види колку е убава, сите ја сакаат“ (пример). А друга работа што луѓето од спротивниот пол ќе имаат сексуални нагони кон нив и ќе им обрнуваат внимание. Кој не сака да добие внимание од некој?
Сепак, мислам дека најголемо влијание овде има домашното воспитување. Добар родител не би му дозволил на своето дете да прави такви фотографии. Ќе го подучи, и ќе му покаже како треба да се однесува едно 11-12-13-14-15 годишно дете.
За тие што се над 15, мислам дека имаат свој памет, на нив неможе да им влијае Северина и колку-толку имаат некое само-почитување. Тие што немаат, не се како што треба.