Немаш искуство со апарати, види вака ако земаш ДСЛР апарат (со променливи објективи) мора да знаеш дека ти е џаба ако не ги совкладаш основите на фотографијата, ако не планираш да учиш експериментираш, испробуваш.... поарно не фрлај толку пари на апарат, земи си нешто поефтинко. Апаратот сам по себе не прави убави слики - фотографот ги прави, тој треба да оцени и процени кое ИСО кој отвор на бленда која брзина на окинување, кој агол, која композиција.... за да излезе онака како што сака. Ако мислиш апаратот да го држиш на АУТО и сликаш - поарно земи нешто поефтино и без променливи објективи.
А сега за објективот, тој има ознака 50 ф 1,8, тоа вака поедноставно кажано е тo 50 мм (или 18мм, 35мм, 100мм...) би ти значело видно поле пример:
некои објективи имаат и ознака пример 18-55 то значи дека може да му се меннува и “видното поле“ или зум-от значи тој оди од 18 до 55 (или друга бројка зависи од објективот имаш и 18-200 и 70-300, додека кај тој што има само една бројка пример 50мм то е фиксно и кај него не можеш при слиање да зумираш. Е сега апарат кој со тие пари можеш да го купиш има некој фактор на кроп. Тоа значи дека сите горенаведени бројки на објективи се рачунати према старите апарати на филм популарно наречени 35 мм. Е сега ова се дигитални апарати со сензор место филм и тој сензор е помал од 35 мм и обично се пресметува РЕАЛНАТА бројка со множење на тие 55 со 1,5 кај Никон до 1,6 кај Канон. Тоа значи дека 50мм е всушност 1,6х50=80мм или 18-55 ти е 18х55 - 55х50. Има и дигитални апарати и со поинаков кроп, али тие се друга прича, имаш и дигитални апарати кои имаат исто 35 мм сензор и кај нив нема множење - ако е 50 - 50 си останува, но тие се скапи така да нема за то да се мислиш.
Втора побитна бројка тио е тоа ф 1,8. Тоа значи колку ја отвара блендата апаратот. Апарат (било аналоген било дигитален) работи на “фаќање на светлина“ значи низ објектив влегува светлината го осветлува филмот или сензорот и создава слика. За да биде фотографијата таман, не треба ниту премногу ниту премалце светлина да влезе, за да не биде фотката или преосветлена или претемна. Toа се регулира со блендта (тенки метални ливчиња внатре кои се стеснуваат или шират во зависност од зададената бројка или сликовито:
помала бројка значи поголем отвор - поголема бројка - помал, така да пример ако е надвор сончево , блешти а ти си покрај езеро или море кое додатно одбива светлина, ќе си наместиш ф8 или ф11, или обратно ако си во некој клуб сакаш да сликаш бенд кој е осветлен со неке дискретно светтло... ќе ти треба објектив со ф 1,4 или 1,8... Исто како и кај погоре објаснето за видно поле и овде имаме разни бројки, приумер таа 50ммм има ф1,8 што значи дека има голем отвор, може да пропушти доста светлина и во комбинација со ИСО и(ли) брзина на окинување - може да слика доста добро при слабо светло (ноќе, во затворени простори...) другите имаат други бројки имаш и 1,4 имаш дури и 1.0 имаш 2,8, 3,5 , 4 кај некои објективи пиши она 3,5-5,6, тоа значи дека минимална бројка е во завсиност од “зумот“ така да на пример објектив 18-55 ф 3,5 - 5,6 значи дека на 18мм максимум отвор ќе биде 3,5 но на 55 максимум е 5,6 - нема да може 3,5..... итн, итн....
Е сега ова е само еден дел од “тајните“ а фотографијата кои вака можеби изгледаат комплицирано но се всушност многу едноставни и лесни за сфаќање (тука не споменував и дека со то ф се добиваат и ефекти на ДОФ, или за брзина на окинување, па за ИСО...) али конкретно само да ти појаснам елементарни работи околу објективот и фотографирање.