Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека сум досадна, само уште едно прашање: Olympus PEN E-PM1, подобар од претходните? http://www.pixplus.com.mk/index.aspx?tabindex=0&tabid=1&productid=1302&directoryid= 320&ctrl=productdetails
то е сосема друга категорија на апарати, олимпустот е со изменливи објективи - такозвани мирорлес и е класа над предходнит. Во таа категорија на апарати и е кралот Fuji E-1
 
Sony CyberShot DSCH200B,CEE3 , Nikon CooldPix L810 или FujiFilm Finepix S4200 ваше мислење кој е подобар сакам да купам еден од овие ама не можам да се одлучам за кој :))
 
Сакам да купам некое солидно апаратче докај 10-12 000, што би ми користел и за домашна употреба и “полупрофесионално“. Се размислувам за некои модели на Nikon (l310, l810), Sony H200. Загреан сум за Sony wx100 со 18.2 pix. exmor r cmos сензор (што мислам дека е подобар од ccd сензорот). Ваше мислење или совет за кој да се одлучам, кој е подобар итн. Фала ви :)
 
Купив Sony CyberShot DSCH200B и многу сум задоволен за сега не очекував толку добри фотки да извадам со него но сепак предобар за цената...:)
 
Купив Sony CyberShot DSCH200B и многу сум задоволен за сега не очекував толку добри фотки да извадам со него но сепак предобар за цената...:)
Можеш да прикачиш некоја слика со твојот апарат, или да ми ја пратиш во пп ?
Благодарам :)
 
Можеш да прикачиш некоја слика со твојот апарат, или да ми ја пратиш во пп ?
Благодарам :)

f4mogz.jpg

30croqs.jpg
 
Здраво, сакам да ми помогните околу изборот на фотоапарат, има повеќе видови па и не се разбирам многу , не мора да бидер многу скап , 100 еур. најмногу можам да одделам, Канон или Никон, или друг кој е добар по ваш избор. Верувам дека има фотографи на форумов, па ќе кажат нешто.
Некои апарати се скапи , иако се скапи за ништо не чинат (не сите) , имаат лоша фотографија, додека некој поефтин прави подобри фотографии, значи само џабе пари фрлање кој не знае како мене.
Ги посочив Канон и Никон како најпознати и признати (не значи дека само тие се најдобри има и Сони , Самсунг и др) , значи тие што вредат за парите, не работам јас со него професионалано, само онака некаде каде ќе појдам да се фотографирам , барав нешто еве
http://www.futureshop.mk/sale/ , http://amc.com.mk/content.aspx?l=MK...ilProfesija=&mailFrom=&mailSubject=&mailText= , http://www.emimedia.mk/index.php/e-shop.html?category_id=65&page=shop.browse&limit=10&start=10 , http://www.neptun.mk/index.php?route=product/category&path=27_103_166 , http://tehnomarket.com.mk/browse/108 , кажете и други страни да разгледам , само овие ги знам , значи не мора Канон или Никон , може и други , но ако се подобри посочените па од нив кажете .....
 
Барај да има:
1. Оптичка стабилизација на сликата
2. Повеќе точки на пиксел
3. ISO колку што може помало од 100
4. Пристоен зум

П.С. мегапикселите и не се толку важни!
 
Барај да има:
1. Оптичка стабилизација на сликата
2. Повеќе точки на пиксел
3. ISO колку што може помало од 100
4. Пристоен зум

П.С. мегапикселите и не се толку важни!
повеќе точки на пиксел не знам што мислиш, пиксел Е точка, а ИСО е од доба на аналогна фотографија и филмови со кој се означуваше осетливост на филмот на светло (што поголемо ИСО - поголема осетливост - попогоден за сликање во темни услови) денес апаратите одат на исо 3200, 6400, 12.800 па и повеќе, но не значи и дека сликите на тие ИСО му се употребливи, за апарати во ранг од 100 евра добра слика на ИСО 400 е одлична работа а многумина не можат да дадат добра слика веќе од 200, но да не должам значи треба да има добра или употреблива фотографија на што повисоко (поголемо) ИСО
 
*добра или употреблива фотографија на што повисоко (поголемо) * - појасни малку се збунав, значи сега треба да има поголемо ИСО?
 
Погрешно се изразив имав во предвид dpi на вертикална и хоризонтална резолуција,
Не значи поголемо ИСО подолго време отворена леќа, а со тоа сооодветно и можност сликата да се размачка?
 
*добра или употреблива фотографија на што повисоко (поголемо) * - појасни малку се збунав, значи сега треба да има поголемо ИСО?
ко ќе прочиташ технички карактеристики на некој апарат ќе најдеш дека неговото ИСО оди до (пример) 6400, но не пишува каков квалитет на фотка вади на толку високо ИСО, така да треба да побараш тестови или фотографии направени со тој модел на високо ИСО да видиш како изгледа, обично на виоко ИСО стануваат зрнести, боите се неприродни, нема детали.... Поскапите апарати (ДСЛР) вадат добри слики и на ИСО 3200, а оние од повисока класа и на 6400 па и на 12.800 али малите поинт енд шот, се мачат веќе од ИСО 400. Тоа значи слаби резултати ако сликаш во потемни услови и без блиц. Лично мислам дека тој модел на Канон е добар избор за парите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom