Оваа дефиниција попрво би ја дефинирала како манијакална опсесивност отколку заљубување.Ова е повеќе еден вид на идолизација и ментална манипулација доколку си го ставиш филмот сам во главата за некоја личност.

Заљубувањето е процес(на кој му треба време за да се дефинира и развие-корелација помеѓу хормонална рамнотежа и умствена перцепција правилно опфатени во генетска и процесуална фреквенција на организмот. Убаво напомена некој тука за хормоните,ги наброја и ги распореди одлично а јас да не се повторувам само би додала дека кај жените најчесто се случува заљубувањето во периодот на овулација додека кај машките,станува збор за покачено ниво на тестостерон кое исто така зависи од моменталната состојба на телото и неговата физичка подготвеност(правилен метаболизам).Моменталната привлечност (т.н хемија) настанува заради сексуална потреба(кај жените,хормоните се покачуваат кога доаѓа време за овулација и праќаат сигнал до мозокот а кај мажите доаѓа до додатна и мозочна и гонадна стимулација кога ќе ги почувствуаат феромоните кај жената за време на овулација).Да ги додадам плус потребите за чувство на припадност,чувство на сигурност и потреба од внимание (допадливост и адмирација поврзани со его и свест-умствено)

.Точно е дека умот дејстува во склад со телото но најчесто станува збор за стимулирана генетска сигнализација која се јавува доколку во близина се наоѓа потенцијален партнер.(стандардите за потенцијален партнер кај секого се различни).