не е рано за темата туку таман е,нема смисла во старата да пишиме
а ти ако сакаш пиши од европските трки кога ќе се знај на шо се тимовите
да ти кажам право за Перез нема да има потреба да е 1 ва виолина или гитара туку ако не од 1 та трка кога ќе се навикни после 2-от дел од сезоната ќе го искини копчето (само како ќе се снајди под притисок ќе видиме) а британчето знајме кога е најдобар кога е сува и влажна трката и добар стратег е да му го _бам то јапончето
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Промени во правилата за 2013 (прв дел)
Минималната тежина на болидите во 2013 година е подигната од 640 на 642 килограми, што е направено откако се дозна дека гумите на Пирели ќе бидат во просек за половина килограм потешки.
Бидејќи со правилата е дефинирана и дистрибуцијата на тежината на предната и задната оска, сега тој сооднос на минимум тежина е 292:343, односно оставени се повторно 7 килограми или нешто повеќе од 1% за манипулација од страна на екипите. Според Пирели, пневматиците за 2013 година ќе имаат поинаква структура, што ќе има свој одраз врз аеродинамиката на болидот, но и врз динамичките својства на гумите. Конкретно, станува збор за комбинираната тракција, или кажано низ пример: тоа е транзицијата кога од сопирање се преминува на работа со педалот за гас. Тоа требало да се направи и порано, но Пирели се повикуваше на брзите подготовки кои морале да ги направат за влегување во Формула 1 пред две сезони. Најавено е дека температурниот работен опсег ќе биде поширок, за разлика од лани, кога поради таквата ситуација на првите седум трки имаше седум различни победници. Наводно, повторно ќе има потреба од период на учење на новите гуми, чии смеси повторно ќе бидат помеки за разлика од 2012 година, но не се очекува тоа да биде толку драстично изразено.
Следењето на тежината на болидите останува непроменето: техничкиот преглед е ден пред почетокот на тренинзите, а во текот на гран при викендот по случаен избор ќе бидат повикувани во гаражата на ФИА. Болидите кои ќе бидат возени во првата и втората сесија од квалификациите се мерат во текот на сесиите, додека оние кои учествуваат во третата се мерат по третата сесија (со напомена дека годинава има 22 болида, а не 24, па во првата и втората сесија ќе отпаѓаат по шест болиди). Сите кои ја завршиле трката, на крајот од гран при викендот повторно се мерат.
Од правилата е избришана причината „виша сила“ како можност за оправдание при застанување на болидот на патеката, па сега правилата специфицираат дека без оглед на причината, во болидот мора да има 1,5 литри гориво за да може да биде земен примерок за испитување.
Промени во правилата за 2013 (втор дел)
Најголем ефект од промените во правилата за 2013 година се очекува да дадат оние кои се поврзани со аеродинамиката, а тие во најголем дел се однесуваат на регулирање на системот за намалување на воздушниот отпор (ДРС).
Минатогодишната иновација на Мерцедес, позната како „двоен ДРС“, сега е забранета, иако во текот на сезоната нејзината легалност беше докажувана во постапка на барање на Ред Бул. Овој пронајдок сега е регулиран со правилата, бидејќи се веруваше дека не е во духот на забраната на системот претходно познат како „Ф-канал“, бидејќи се базира на слични принципи. Дополнително, во 2013 година, за време на тренинзите и квалификациите, базичниот ДРС нема да може да се користи на сите делници од патеката како досега, туку само во зоните определени за негово користење во трката.
Иако ДРС системот е постигнување на ефект кој во минатото екипите се обидуваа да го постигнат на различен начин, а се состои од воздушно влијание врз задното крило за поголема брзина на правците преку негово свиткување, на предниот дел од болидот и натаму се заоструваат мерките против флексибилноста на аеродинамичките крила. Новите правила велат дека тежина од 100 килограми или потисок од 1.000 њутни ќе се аплицира на две точки од предното крило, лонгитудинално и трансверзално, при што дозволената деформација од 20 милиметри се скусува на 10 милиметри.
Зголемени се побарувањата за издржливост на страничниот рол-бар и заштитната ќелија на возачот, а новитет е и барањето да се испитуваат сите шасии што се произведуваат од екипата, наместо само еден примерок.
Промени во правилата за 2013 (трет дел)
Брендот „Формула 1“ денеска е заштитена трговска марка, но неговото потекло всушност ја дефинира сржта на најпрестижниот автомобилистички спорт, бидејќи се базира на збирот од правила (со математички јазик – формула), со кои било регулирано светското првенство распишано од ФИА во 1950 година.
И во 2013 година овие правила се надградени, како техничките, така и спортските. Најнебитна во поглед на перформансите, веројатно е дозволата да се маскираат „прекршените“ носеви на болидите со заштитна плоча, чии димензии се стриктно пропишани и се однесува исклучиво на естетиката. Оваа промена сепак укажува дека ФИА е подготвена на компромис, кога јавното мислење е обединето против извесен аспект на некоја од регулативите, а изнајденото решение не го нарушува претходно поставеното правило за каскадата.
Иако немаат сопствен синдикат, инженерите во Формула 1 покрај летната пауза од четири седмици, имаат и заштита во форма на „полициски час“, кој досега изнесуваше шест часа во текот на ноќта, а сега е зголемен на осум часа. До сега се толерираа четири прекршувања во сезона, а од сега само две по екипа. Кај спортските правила, најважна промена е котизацијата за екипите учеснички која сега се пресметува според моделот „500.000 долари основна сума, плус 5.000 долари за секој освоен бод“. Пред две години, на сличен начин се регулираше добивањето на супер-лиценци за возачите.
и се надевам дека од оваа сезона Табакот ќе коментира (само тој е кој вреди од коментаторите)
можи и Коки да остани за да кажи некое инфо
а ако емтиви нема пари нека ги смени двата ком за еден (табакот)