Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
Д кинг ис бек он д трек.....оу јеа.
Фала богу ќе гледам Ф1 сеа......не знам само што ќе се деси ако случајно...онака случајно Шумахер победи еднаш:wink:.
 
Ми се чини дека никогаш во историјата на формула немало толку талентирани возачи да се тркаат во една сезона како оваа, од Алонсо, Хамилтон, Фетел, Вебер.. и шлагот на тортата Шумахер. Иако бев еден од најголемите антифанови на Шумахер сепак мора да му се признае талентот кој што го поседува, а за валканите игри со кои ги освојуваше титулите може да се расправаме во друга прилика. Сезоната некако влегуваше во монотонија со Браун и нивната доминација, но последните две трки и враќањето на Шумахер мислам дека ќе ја направат една од подобрите сезони последиве 3 години. Никој не споменува дека оваа сезона сите помагала од техничка гледна точка се исфрлени, така што победата зависи најмногу од возачот, тука шумахер мислам дека има што да кажи поради тоа што неговите почетоци во формула беа во периодот кога болидите беа речиси исити како денешните (победата најмногу зависеше од возачот). Тука исто така треба да се потенцира и напредокот на Ферари на последната трка каде што имаше шанси за победа, можи да се случи шумахер и да победи некоја од наредните трки, иако и пласман на подиумот би била одлична работа.

Постов е инспириран од носталгија по старите добри времиња во формула кога имаше возбдувања и што да се види на трките, а не од позиција на фан на Шумахер или Ферари.
 
Не го туркаше само да го претрка (ти зборам за Хил), мораше он да биде прв, а Хил 4-5 или да земе титула. Сега ме сваќаш што ти зборам. Се ми се чини дека така беше, ако грешам извини :smir:

Искрајно да ти кажам не се сеќавам на таа трка многу од дамна е ама сепак било директна борба не е трето лице како што му правеле на Шуми и на многу други возачи. Шуми не е светец далеку од тоа и он има правено гомнарии еве една голема се газев од смеење кога го гледав клипот се потсетив на коментарите на табаковски и тој човек колку го мрзеше шумахер па уште мораше и часовник да му врачува. :tv:


Работава е зошто мајко не си ме абортирала :kesa:
 
Водата спие, чичко Берни не спие... пак прави заврзлами да го протурка ограничувањето на буџетот на F1 тимовите.

http://motorsport.mk/page.php?cat=formula&id=19
 
Во 2 е трката? Или не е оваа недела?
 
Во 2 е трката? Или не е оваа недела?
Трка братче дури по 2 недели... тоа ти доаѓа на 21, 22 и 23 август, големата награда на Европа- Валенсија Шпанија.
 
Трка братче дури по 2 недели... тоа ти доаѓа на 21, 22 и 23 август, големата награда на Европа- Валенсија Шпанија.

мн одмори оваа сезона ,другар, Во валенсија пак да не изненадиме ,ништо чудно огромни подоврувања на болидот имаме:tv::toe:
 
мн одмори оваа сезона ,другар, Во валенсија пак да не изненадиме ,ништо чудно огромни подоврувања на болидот имаме:tv::toe:


Сеа ќе видиш ферари мафиа.За 3недели ќе напраат вселенски брод.Се гледаме на тренинзи.А дека имате подобрувања имате али нема шанса да тепате на следнава трка.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Ike
Сеа ќе видиш ферари мафиа.За 3недели ќе напраат вселенски брод.Се гледаме на тренинзи.А дека имате подобрувања имате али нема шанса да тепате на следнава трка.

ај ке се видаме,ама право почнувате со црвенки што лошо напишав и јас не знам:toe::nerv:
 
Ах бе ништо од радоста. :(
Баш се израдував што Ф1 станува интересна на крајот на сезоната ... сепак не. Шуми не се враќа :place:
Ајде ќе продолжиме да гледаме како послабите тимови ги мелат силните :)
 
ајде пак дрвете го на Шуми :vozbud:

кој ќе вози сега?
 
Тест возачот на Ферари, ветеранот Лука Бадоер ќе го менува Маса. Интересно е тоа што во последните 10 години е тест возач на Ферари, а од 1993 до 1999 има возено на 49 трки без да освои поен.
 
Тест возачот на Ферари, ветеранот Лука Бадоер ќе го менува Маса. Интересно е тоа што во последните 10 години е тест возач на Ферари, а од 1993 до 1999 има возено на 49 трки без да освои поен.
Баш оптимистички :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom